Македонија
(Видео) Арсовски: Македонија стана најпогодно тло за наркобизнисот
Република Македонија стана мека и медина за сите што се занимаваат со одгледување или продажба на дрога, односно канабис, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Веста што излезе низ медиумите дека во Република Македонија се увезени 8.5 тони марихуана, и тоа внимавајте од Лесото, една од најнеразвиените земји од Африка, во вредност од десетици милиони евра е показател за неколку работи. За тоа во што се претвори Република Македонија изминатите четири години под водство на Зоран Заев и СДСМ. Очигледно е дека Република Македонија под водство на Зоран Заев стана најпримамлива како држава за бизнисот со дрогата и канабисот“, додаде Арсовски.
„Очигледно е дека од 50-тина лиценци кои се дадени за одгледување марихуана во Република Македонија не функционираат сите фирми и полесно е да се увезува од странски земји, како на пример Лесото од Африка, земји кои се на најниско можно ниво во Африка и не се развиени, отколку самите фирми тука да произведуваат канабис. Сите оние лиценци хиперпродукција кои беа издавани од Владата и потпишувани лично од Зоран Заев, беа давани само поради тоа што беа платени кај пајташите на Зоран Заев за подоцна кога би се донел законот за трговија со канабис, којшто е сега предложен, да можат да ги препродадат истите лиценци, но, за нивна жал, а за среќа на граѓаните нема да дозволиме тој закон да се изгласа и да се донесе во Собранието“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Арсовски, Зоран Заев претходно најавуваше инвестиции од типот на Гугл, Фејсбук и големи светски компании коишто едвај ги изговараше, а на крајот, како што вели, Република Македонија станала тло и Зоран Заев ѝ донел бизнис каде што се увезуваат 8,5 тони дрога.
„Во периодов актуелен е законот поднесен во Собранието од страна на Владата којшто треба да го брани Венко Филипче како најблизок на фамилијата Заеви во заштита на нивниот криминал за продажба и трговија со марихуана и тоа е со една и единствена цел, тоа што го прави Лесото од Африка да го прави на легален начин и семејството Заеви, бидејќи се најбројните сопственици на лиценци за одгледување канабис“, вели Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

