Македонија
(Видео) Арсовски: Молк од Антикорупциска и јавно обвинителство за шверцот на 100 тони тутун во време кога Николовски е министер за земјоделие
Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство се срам, најголем срам за Република Македонија. Тие се срам кој граѓаните на Република Македонија ги чини многу скапо, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Цели две недели слушаат и гледаат, а се прават и глуви и слепи за шверцот на 100 тони тутун на Деве Баир во време кога Љупчо Николовски беше министер за земјоделие. Практично неколку месеци пред да се повлече од министерската позиција. Дека се работи за организиран шверц, говори и фактот што увозникот без лиценца за увоз на тутун, кој практично не е увозник, туку е шверцер на тутун, е близок до Љупчо Николовски и до градоначалникот на Крива Паланка.
Царинските службеници блиски до СДСМ кои го царинеле тутунот противзаконски, односно дозволиле да биде увезен во Република Македонија, од обични службеници во Царинската управа сега се унапредени во раководител и заменик-раководител на Царинската управа на граничниот премин во Деве Баир“, изјави Арсовски.
Тој нагласи дека молкот за шверц на 100 тони тутун признаен од Царинската управа, спротивно од насоките на фитосанитарниот инспекторат, само докажува дека некој сака да го сокрие целиот овој случај на шверц.
„Кој ако не некој од високо во власта? Сите претпоставувате кој е тој што сака да го заташка целиот овој случај. Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство се канцерот на системот кој треба да ја врати довербата кај граѓаните и кај институциите. Внимавајте, не само што се канцер, туку се и голем срам за Република Македонија. Секојдневно им се смеат поради нивното непостапување, милион случаи ниту една разрешница. Зошто? Затоа што го штитат криминалот и криминалците од власта.
Шверцот и пропуштањето возила преку телефон од страна на власта, бевме сведоци дека Зоран Заев се јавувал да се пропуштат возила, стана секојдневие во Република Македонија. Ниту знаеме што се шверцува, ниту што ни влегува секој ден во државата. И внимавајте, за сите вакви случаи каде што има јасен и чист криминал некој еден ден ќе одговара, кога ќе се врати правниот систем, и ќе сноси одговорност согласно Законите на Република Македонија, заклучи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

