Македонија
(Видео) Арсовски: Надлежните молчат за скандалот за тендерите доделени на семејната фирма на Бочварски
Три дена молк од страна на власта за скандалот во кој општина Штип и доделува тендер на семејната фирма на Бочварски. Никој од власта, ниту Бочварски, ниту Владата, ниту надлежните институции не одговараат како е можно милионски тендер да добие фирмата „Де Лукс“ Доо, фирма на чичкото Владимир и таткото Венцислав Бочварски, еден ден по неговото назначување за министер за транспорт и врски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Замислете, целокупната постапка на тендерот се води додека Благој Бочварски е градоначалник на Штип, а се официјализира првиот ден кога тој станува министер. Замислете народните пари ги претураат во приватните сметки и се прават како ништо да не се случило. Додека од друга страна секое трето тоне во сиромаштија.
За овие луѓе моралот, етиката и законот се непријатели, а криминалот и кршењето на законот најголем пријател.
Овде постои сериозен сомнеж за корупција, криминал и злоупотреба на службена должност, а никој не реагира од надлежните институции. На дело се покажува дека власта на Заев ниту се бори, ниту спречува корупција, туку напротив ја генерира, ја ствара целата таа корупција.
Вице премиерот Љупчо Николовски кој е назначен за квази борба со корупцијата, да имаше барем грам доблест ќе побараше разрешување на Бочварски, ама молчи бидејќи ова е партискиот модус операнди за лично и семејно богатење кој што го воведе Заев во Струмица, а веќе метастазираше низ цела Македонија.
Веќе не плачат 10.000 семејства што СДСМ и Заев ги крадат како во Струмица, туку веќе плачат 400.000 семејства, односно целата држава.
Тоа што СДСМ, Владата, Бочварски молчат, не значи дека јавноста не гледа кристално јасно за каква шема, веќе развиена и проверена шема на испумпување на народни пари се работи. Ете затоа Македонија тоне во корупција. Затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа. Ете затоа нема пари за основните потреби на државата и граѓаните, вклучително и за онаа несреќна изјава на директорот на струмичката болница каде што бара донации.
Ако има правна држава досега за овој случај ќе имаше отворена истражна постапка, ќе имаше одговори, но и оставки и одговорност. Но бидејќи се работи за мафија на власт, криминалот цвета, институциите го штитат, а народот за жал секојдневно осиромашува и губи“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

