Македонија
(Видео) Арсовски: Продолжуваат контактите со Бугарија, и двете страни се за изнаоѓање решенија

На прашање за актуелните разговори со Бугарија, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, повтори дека нема нов договор и дека Владата е подготвена да ги дообјасни прашањата што побудуваат определена загриженост во Софија, но дека никој нема право да преговара за идентитетот и за јазикот.
„Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек. Двете страни се вложени во изнаоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија е особено важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија, кои во исто време ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет“, потенцира Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДС и ДУИ. Правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна.
Зошто? Многу е јасно. За Пешевска заедно со уште неколкумина од Клиниката за онкологија имаше обвинение за, внимавајте, несовесно лекување пациенти. За делото за кое се товари Пешевска предвидена е казна затвор до три години. Пешевска, на рочиште пред Судот минатата недела рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата?! Внимавајте, докторката не е сигурна дека ја продолжила терапијата, бидејќи како што самата посочи, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.
Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите.
Пешевска призна вина, а Судот со леснотија и изрече условна казна две година. Во превод тоа значи таа само не треба да стори друго кривично дело во период од две години, односно слободна е.
Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?!
Скандалозната одлука на надлежниот Суд говори за неправедна, произволна или заснована на надворешни влијанија одлука, влијанија евидентни подолг период. Или Судот не постапува на основа на закон и факти.
Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и СДС.
Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото.
Судството, воедно и обвинителството мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства по разни основи и завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По Апасиев кој над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата и Мојсоска која иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.
Борислав Крмов пратеник кој се претставува како скромен и борец за правдата од една страна на собраниската говорница урла против патни трошоци а од другата испумпува парични средства од партијата Левица во сопствениот џеб.
Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб. Дали сега и Крмов ќе тврди дека е сметководител во Левица? Дали тој знае дека таквата улога е противзаконска?
Паднаа маските на Левица, за Апасиев, Крмов, Мојсоска и Мециновиќ кои глумат лажна скромност. Левица додека ги напаѓаат пратениците за законски додатоци во исто време меѓусебно си делат партиски пари.
Левица се фатени на дело. Народот гледа и нема да дозволи да биде измалнипулиран од оние кои на говорница урлаат за чеснот а позади неа ги полнат сопствените џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Фото) Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.
„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.
Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.
„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една. Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.
Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.