Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Фризерницата што го добила проектот од Еразмус+ била петта на ранг-листата

Објавено пред

Крајно сомнителен е начинот на доделување грантови во Националната агенција од страна на Лидија Димова. Повеќе од десет дена бараме од  агенцијата објавување  на ранг-листите на проектите од Еразмус + програмата, но директорката Лидија Димова ги криеше, а денеска во медиумите можеме да видиме дека еден од проектите доделен на фризерницата„ВЕЗ Трејд“ бил доделен на сомнителен начин, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што е тука сомнително? Првите два рангирани проекта се одбиени, а следен кој бил одобрен е третиот проект, на братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, проектот познат во јавноста за избери сирење, во вредност од над 125.000 евра, за кој говоревме во нашите прес-конференции претходно. Одобрен е и проектот на фризерницата ‘ВЕЗ Трејд’, на пријателот на Лидија Димова, кој има можеби најмалку бодови доделени од страната на евалуаторите, но сепак од комисијата бил одобрен иако според одредени членови во Законот имало судир на интереси меѓу ‘ВЕЗ Трејд’ и вработена во Националната агенција. Најверојатно ова не го препознале во агенцијата или не сакале да го препознаат“, кажа тој.

Од друга страна, додаде Арсовски, проект кој има 80 бодови, односно два бода повеќе од проектот на фризерницата, не е одобрен и е одбиен под образложение дека има судир на интереси, за што истата организација тврди дека не е точно и веќе има поднесено правни тужби до Управен суд и правна претставка до Брисел.

„Ова беше причината поради која јавно баравм да бидат објавени рангирањата на проектите, а Лидија Димова свесно ги криеше бидејќи најверојатно имало сомнителни чекори во доделувањето. Лицемерно е доколку Лидија Димова биде само сменета од позицијата, туку треба да биде извршена и истрага и нормално, на крај, доколку се утврдат неправилности за коишто веќе се гледа дека постојат, да одговара и кривично. Ова е еден од стотиците скандали и криминални сомнежи во функционирањето на Владата на СДСМ, а Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сепак спијат и не сакаат да ги видат“, обвини Арсовски.

Македонија

Слаб интерес за субвенциите за чистење оџаци, повикот завршува в понеделник

Објавено пред

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции до понеделник, 30 ноември, до 15 часот, кога е крајниот рок за аплицирање за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Оваа година Град Скопје има предвидено два милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Буџетот на МВР за 2021 е развоен за континуирано реформирање на полицијата

Објавено пред

Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2021 е развоен за континуирано реформирање на полицијата, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој рече дека предлог-буџетот за МВР за 2021 година е 10.455.110.000 денари и е 312.452.000 денари поголем од буџетот за 2020 година, односно е зголемен 3,08 %.

„Притоа, зголемувањето е обезбедено во ставките што означуваат реконструкција и изградба на објекти, како и во непречена реализација на континуираното обезбедување униформи за полициските службеници и лична заштитна опрема. Сето ова укажува на развојната компонента на буџетот, која е во насока на подобрување на работењето и реализирањето на сите активности што се во надлежност на министерството, како и непречено функционирање за остварување на основните стратешки приоритети и цели во согласност со стандардите на НАТО и ЕУ“, истакна министерот за внатрешни работи.

Како дел од проектите е продолжувањето на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, имајќи предвид дека во претходниот период беа делумно или целосно реконструирани 45 објекти на Министерството, во сите сектори за внатрешни работи, а се почна со изградба и на центарот за санирање од катастрофи и обезбедување континуитет во работењето во Прилеп, како и на градбата на новите современи форензички лаборатории.

Покрај ова, министерот Спасовски го образложи и проектот „Надградба на постојниот софтвер за идентификација“, предвиден во новиот буџет, со кој се зголемува откривачката функција на полициските служби.

„Втората основна цел, која преку овој развоен буџет сакаме да ја оствариме, а е суштински испреплетена со првата, е создавање модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која ќе биде блиска до граѓаните и на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе ги гарантира нивната целосна лична и имотна сигурност и ќе продолжи одлучно и неселективно да се справува со организираниот криминал и корупцијата и успешно да работи во превенција од сите облици на тероризам и други противуставни дејства“, појасни Спасовски.

Тој рече дека е направено кратење на средствата шот претставуваат непродуктивни трошоци.

„Така, не се превидени средства за купување мебел и возила, односно дел од овие средства е пренасочен за набавка на опрема во согласност со стандардите и барањата за интеграција во ЕУ и НАТО“, рече Спасовски.

По минатогодишното доброволно исплаќање 139.589.212 денари за бонус плата на 5.012 вработени за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2019 година, министерот Спасовски најави дека со буџетот за 2021 повторно се обезбедени средства во износ од 150.000.000 денари за бонус плата за 2020 година. Покрај ова, а благодарение на остварените заштеди во годинешниот буџет, обезбедени се и средства за исплата на бонус плата во износ од речиси 78.500.000 денари за 2017/2018, чија реализација ќе се одвива во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

40.000 евра од општинскиот буџет на Битола за изградба на модуларна болница за Ковид-19

Објавено пред

Општината да се вклучи во изградбата на модуларен ковид-центар во Битола беше решено денеска кога се одржа вонредна седница на Советот на Општина Битола, на која едногласно се донесе одлука за донација на нови 40.000 евра, средства од општинскиот буџет.

Пред советниците се најде програмата за поставување модуларен ковид-центар во дворот на Клиничката болница во Битола, како и одлуката за давање донација на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ за изградба на центарот.

Од Општина Битола информираат дека досега на сите здравствени установи во градот, по разни основи за помош во ковид-кризата, им се донирани над 80.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: „Мој термин“ функционира, нема одложување на хроничните интервенции

Системот „Мој термин“, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави...

Економија4 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Регион4 часа

Словенечки педијатри: Некои деца заразени од Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да...

Македонија5 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет5 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет6 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет6 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет7 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт7 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет7 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет7 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија19 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија20 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија21 час

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа21 час

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион23 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија23 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија1 ден

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија1 ден

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Досие