Македонија
(Видео) Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје – Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји

Воведувањето нова авиолинија од Софија до Скопје ќе придонесе во зближување на двата народа, како и развој на економските односи и туризмот. Во следниот период до одржување на заедничката седница на двете влади кон крајот на овој месец ќе се договорат деталите за воведување на авиолинијата.
Ова го договорија двајцата министери за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев при денешната официјална посета на владината делагација од Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков.
На средбата министерот Бочварски го отвори прашањето за либерализација на транспортот на стока за и од трети земји. Двајцата министри договорија соработка на мешовити комисии за транспорт, кои треба да работат на условите на целосна либерализација на транспортот на стока. Исто така, министерот го потенцира и прашањето за модернизација на граничните премини, како и отворање нов граничен премин Клепало кај Берово.
Во однос на железничкиот Коридор 8, се разговараше за изградба на заедничкиот граничен тунел што ќе ги поврзе овие две земји како дел од проектот за железничко поврзување. Министерот Бочварски информира дека вкупниот проект ќе чини над 600 милиони евра, со тоа што делницата од Куманово до Крива Паланка ќе почне со изградба напролет, а делот од Крива Паланка до границата со Бугарија веќе в година.
Во делот на патната инфраструктура Република Северна Македонија инвестира над 200 милиони евра во модернизација на патната мрежа кон Република Бугарија, со тоа што веќе на средината на 2023 година со изградбата на експрениот пат Ранковце – Крива Паланка ќе имаме нова, модерна и безбедна патна делница од Скопје до граничниот премин Деве Баир.
Двајцата министри договорија интензивни средби се со цел побрзо регионалното поврзување и реализација на проектите од заеднички интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации
Без вода дел од скопски Карпош

ЈП „Водовод и канализација“, информира дека поради технички зафати жителите во дел од скопската општина Карпош во одреден временски период ќе останат без вода за пиење .
„Поради технички зафати во водоводната мрежа, (изведување на приклучок), на ул. Козле бр.3/33, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козле – крак бр. 3. (Општина Карпош)“, информираат од оваа институција.
Сервисни информации
Без струја делови од неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515 во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода),
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ефтим Спространов и Димитар Мирачиев. (Oпштина Кисела Вода),
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Бриселска. (Oпштина Карпош).
Македонија
Сончево и многу топло со температури до 38 степени

Утре претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во наредните денови ќе следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер, најави УХМР.