Македонија
(Видео) Васев: Зад утрешните протести против реформите во образованието стои ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да дејствува против реформите во образованието, против интересите на граѓаните, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Стана јасно дека стојат зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и зад утрешните протести. Партијата предводена од Мицкоски се обидува да манипулира со родители и ученици заради теснопартиски и бизнис-интереси“, истакна претставникот на владејачката партија.
Според Васев, фактот што опозициската партија наводно не била против дигитални учебници, но се спротивставува на законското решение, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и манипулации се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.
„ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секоја реформа, на сѐ што е во интерес на граѓаните и државата. Токму поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

