Македонија
(Видео) Владата: Казни до 300 евра за оние што ќе одбијат да се попишат

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, истакна денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Душко Арсовски, на заедничката прес-конференцијата со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.
Арсовски нагласи дека учеството во пописот е задолжително и претставува можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и на заедничката иднина.
„Учеството е задолжително. Кривично се одговара за поттикнување бојкот на оваа најважна статистичка операција. За оние што ќе одбијат да се попишат, ќе биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра“, истакна портпаролот Арсовски и посочи дека одложувањето не е опција.
На прес-конференцијата претставничката на Државниот завод за статистика, Ѓоргиева, ги сподели најновите податоци информирајќи дека во дијаспората значајно над очекуваното во последното деноноќие се самопопишале над 20.000 македонски државјани што живеат во странство и вкупната бројка денеска до 9 часот изнесува 121.580 државјани.
Повторно беше упатен повик до граѓаните што живеат во странство да земат учество во пописот 2021 нагласувајќи дека станува збор за едноставен, брз и безбеден статистички процес.
Во однос на активностите во државата, Ѓоргиева соопшти дека викендов заврши дополнителниот конкурс за попишувачи и изрази задоволство од одѕивот, односно пријавени се над 2.600 попишувачи или околу 800 повеќе од потребниот број. Таа истакна дека почнуваат тестирањата по што ќе се добијат финалните резултати и ќе се изготват решенијата за ангажирање на попишувачите.
Таа истакна дека нема никаков застој и сè се одвива според планот и зацртаните рокови, во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите за пописните комисии, а почнува и обуката на реонските инструктори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина.
Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од учество во мировни мисии до помош на граѓаните во кризни состојби и затоа ужива највисока доверба меѓу граѓаните.
Според неа, иако безбедносните предизвици наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, тие мора да бидат насочени не само во вооружување, туку и во јакнење на институциите, инфраструктурата, науката, образованието и здравството.
Како можни долгорочни проекти, таа ги посочи изградбата на НАТО клинички центар, Центар за обука на обучувачи на полигонот „Криволак“ и Развој на локалната одбранбена индустрија.
Во обраќањето, претседателката укажа на значењето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како водечка високообразовна и научно-истражувачка институција, како и на потребата од родова еднаквост и спроведување на родовиот акциски план 2025-2028.
Претседателката порача дека Армијата, иако бројно мала, е голема по дух, знаење и љубов кон татковината. Таа е способна да го штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката и да продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник.
Во рамките на централната свеченост Сиљановска-Давкова со Орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери.
Одликувањето беше доделено за извонредните успеси во организацијата и реализацијата на обуката на питомците и кандидатите за офицери, како и за стратешкиот и долготраен придонес во јакнењето на одбранбената способност преку вложување во образованието и едукацијата. со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
На свеченото одбележување на Денот на Армијата, признанија им беа врачени и на прворангираните потпоручници и водници. Со ова, тие се стекнаа со правото да ги носат првите офицерски и подофицерски чинови.
Македонија
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Меџити: За една година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Меџити најави дека работата нема да застане тука.