Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Во услови на корона-криза власта дава најмала поддршка на стопанството во Европа

„Државите жестоко се борат против коронавирусот. Некои влади повеќе, некои помалку успешно. А што прави македонската Влада? Кои се резултатите од нејзината активност или нејзината неактивност? Ова се фактите што СДСМ очајно се труди да ги скрие од нас“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Македонија под водство на СДСМ е земјата со убедливо најмала и најслаба економска поддршка во Европа на погоденото од корона стопанство и издвојува само 1,2 отсто БДП за помош на економијата.
Државите жестоко се борат против корона вирусот. Некои влади повеќе некои помалку успешно.А што прави македонската влада? Кои се резултатите од нејзината активност или нејзината неактивност? Ова се фактите кои СДСМ очајно се труди да ги скрие од нас.Македонија под водство на СДСМ е земјата со убедливо најмала и најслаба економска поддршка во Европа на погоденото од корона стопанство и издвојува само 1,2% БДП за помош на економијата.Власта на Заев и Спасовски дава само 200 милиони евра поддршка на стопанството, додека Словенја дава 3 милијарди евра, Србија 5 милијарди евра, Бугарија 2,3 милијарди евра.За жал, ние сме земја со најголем број на починати лица од корона вирусот на Балканот во однос на бројот на населението. Македонија има повеќе починати лица од корона отколку Грција, Бугарија и Албанија заедно.На второ место сме на Балканот по бројот на најмногу заболени пациенти по глава на жител.Македонија е една од земјите која има направено најмал број на тестови во Европа. Имаме најмала опременост, но најголем број на заболени здравствени работници по глава на жител на Балканот.Ова се фактите почитувани граѓани.Во услови на корона криза власта на Заев и Спасовски дава најмала поддршка на стопанството во Европа. Има најголем број на починати лица на Балканот. Во врвот сме по број заболени лица од ковид, а на дното по број на тестирања и по опременост на здравствените работници.Вие проценете сами. Не се способни! Не знаат и не можат!
Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Понеделник, 11 мај 2020
„Власта на Заев и Спасовски дава само 200 милиони евра поддршка на стопанството, а Словенија дава 3 милијарди евра, Србија 5 милијарди евра, Бугарија 2,3 милијарди евра. За жал, ние сме земја со најголем број починати лица од коронавирусот на Балканот во однос на бројот на населението. Македонија има повеќе починати лица од корона отколку Грција, Бугарија и Албанија заедно. На второ место сме на Балканот по бројот на најмногу заболени пациенти на жител.
Македонија е една од земјите што има направено најмал број тестови во Европа. Имаме најмала опременост, но најголем број заболени здравствени работници на жител на Балканот. Ова се фактите, почитувани граѓани. Во услови на корона-криза власта на Заев и Спасовски дава најмала поддршка на стопанството во Европа. Има најголем број починати лица на Балканот. На врвот сме по бројот на заболени лица од Ковид-19, а на дното по бројот на тестирања и по опременост на здравствените работници. Вие проценете сами. Не се способни! Не знаат и не можат“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати коишто дополнително ќе ја стабилизираат.
Таа оцени дека Шпанија е важен партнер на земјава во рамки на НАТО, ООН, ОБСЕ и изрази благодарност до владата на Санчез и Шпанија за доследната поддршка на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Реафирмирајќи ја посветеноста на државава кон евроинтегративниот пат, Сиљановска-Давкова ја повтори позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, таа укажа на потребата од одржување на кредибилитетот на политиката на проширување и нагласи дека регионов кој историски, географски и културно припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство.
Претседателката со задоволство ја прими информацијата од премиерот Санчез дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.
Двајцата соговорници разговараа за соодветно одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Македонија
Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова динамика и проактивност во насока на унапредување на европската агенда на регионот.
Муртезани и Старовиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, особено во контекст на спроведувањето на Планот за раст, кој претставува заедничка можност за засилување на регионалната економска поврзаност и приближување кон европските политики. Посебен акцент беше ставен на досегашната соработка врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства, како и на новите можности за иницијативи од заемен интерес, вклучително и прекуграничните програми за развој и инфраструктурно поврзување.
Министрите го нагласија значењето на доследна и координирана примена на европските реформи во регионот, како предуслов за реализација на економските и институционалните придобивки предвидени со новиот пристап на ЕУ. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на блиската комуникација и заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји.