Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта, доколку е за вистинско помирување и правда за сите, предлогот ќе го прифати, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27 април. Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда не прави ништо друго, освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда, што во суштина е неправда. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии што треба да обезбедат селективна слобода само за оние што учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека текстот на предлог-законот за амнестија ќе го поднесат на разгледување до сите парламентарни партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известиваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.