Контакт

Македонија

(Видео) „Ги елиминираат сите што не се истомисленици“, Максим Димитриевски со жестоки критики за СДСМ, Спасовски, Османи, Бугарија

Објавено пред

Во интервју за „Макфакс“ градоначалникот на Куманово и поранешен член на СДСМ зборува за случувањата во партијата на власт, за конфронтацијата со тогашните сопартијци и за неговото исклучување од партијата, но и за појавата на узурпаторите, како што вели, на одредена група луѓе што ја злоупотребуваат партијата, а со цел да се самозаштитат и да ги елиминираат сите оние што не се нивни истомисленици.

„И денеска има голем број членови во СДСМ, кои се разнебитени, оставени сами на себе. Во моментот се случува тоа и тој процес не запре“, потенцира Димитриевски за „Макфакс“.

Додава дека е разочаран од експретседателот Зоран Заев по поддршката, но и жртвата што била дадена на т.н. крвав четврток.

„Сам против сите“, како што појаснува, влегува во непопуларна кампања.

„Многумина од нас крвавевме за Заев и голем број од нив денеска, за жал, се разочарани“.

Имало обиди, посочува Димитриевски, да го вратат во партијата, но истакнува дека не му е местото помеѓу тие луѓе што го уништиле неговиот СДСМ.

„Многу поединци што менаџираат се гладни за власт, не им се важни принципите, подготвени се да прегазат сè пред себе“, истакнува тој.

Има ли пазар во дипломатијата, за работата на Османи и Спасовски, за односите меѓу Македонија и Бугарија и слично, Максим Димитриевски во интервју за „Макфакс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД: Потврда за меѓусебната посветеност и поддршка

Објавено пред

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон.

Министерот Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што беше потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше нагласена заедничката определба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.

Воедно, министерот изрази благодарност за континуираната поддршка од САД која е исклучително значајна во процесот на модернизација на македонската Армијата и развојот на интероперабилноста со сојузниците во НАТО.

Во Пентагон, министерот Мисајловски оствари средба и со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка на САД, Мајк Милер, на која беше истакната важноста за инвестирање во одбранбените капацитети како предуслов за долгорочен развој на безбедноста.

На средбата беа разгледани тековните и идните програми за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансиска и техничка помош за сојузничките земји, при што беше потврдена успешната досегашна соработка.

Соработката со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за нејзин натамошен развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мечка снимена во атарот на Лазарополе

Објавено пред

Во атарот на Лазарополе повторно се појави мечка, а жителите на селото предупредуваат за внимателно однесување при евентуална средба со неа.

„Не викајте по неа, не мавтајте, не ја нудете со некаква храна, не и се приближувајте и останете незаинтересирани без брзи движења или трчање, полека оддалечете се без паника“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

„Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и во близина на селото. Ве молиме сериозно да го прифатите ова предупредување“, се додава во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден

Објавено пред

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината.

„Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани“, изјави Меџити.

Во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница, се додава во соопштението на Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Карлик Џонс го продолжи договорот со Партизан

Карлик Џонс, кошаркарот на Партизан, го продолжи договорот со црно-белите, официјално потврди клубот. Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по...

Спорт3 часа

(Видео) „Чеканите“ го оставија Тотенхем во зоната за испаѓање

Вест Хем оствари убедлива победа во натпреварот од 32-то коло од англиската Премиер лига, во кој ги победи последнопласираните Вулверхемптон...

Спорт3 часа

(Видео) Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона

По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на...

Спорт3 часа

(Видео) Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза

Фудбалерите на Рома лесно ја победија Пиза (3:0) на отворањето на 32-то коло од Серија А. Натпреварот го одбележа Холанѓанецот...

Свет3 часа

(Видео) Ердоган: Која е разликата помеѓу монструозните политики на Хитлер и одлуката на Израелците?

Парламентот на Израел во март одобри контроверзен закон за повторно воведување на смртна казна за терористи, потег за кој критичарите...

Европа3 часа

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

Шпанија е подготвена да работи на создавање заедничка армија на Европската Унија „веќе утре“ бидејќи само на овој начин „средните...

Забава3 часа

Поминаа 24 години од нивниот бурен развод, а сега таа го шокираше и него и светот со еден потег

Актерката Ким Бесинџер и актерот Алек Болдвин имаа турбулентна љубовна приказна и уште потурбулентен развод што се случи пред 24...

Забава3 часа

(Фото) Никола Пелц ги загрижи обожавателите со својот изглед

Никола Пелц, младата милијардерка и сопруга на Бруклин Бекам, објави неколку фотографии на Инстаграм и малку ги загрижи обожавателите, токму...

Забава4 часа

(Фото) Оваа нежна боја е новиот голем тренд за пролет/лето, а еве ги боите со кои најдобро се комбинира

Новата сезона носи нови трендови и нови бои во нашите гардероби. Дури и птиците на гранката знаат дека една од...