Контакт

Македонија

(Видео) Груби: ДУИ ќе има 5 заменици министри и 5 државни секретари

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на прес-конференција во Владата најави дека ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда. Ќе има и пет државни секретари“, изјави Груби.

Тој очекува деновиве да бидат заокружени и објавени нивните имиња.

Како што рече, со СДСМ договорена е и замена на некои од директорските места.

„Всушност тоа не е поделба, туку станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна и дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери,  нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти.

Македонија

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Објавено пред

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и мо-жат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособното ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефукнционалност, јавниот превоз е во колпас. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје. Градоначалничката Арсовска со раскинување на договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози и доцнења. ЈСП се подлабоко тоне во долгови, а згора на се склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.

Од СДСМ велат дека додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во Град Скопје. Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму Скопјани. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Објавено пред

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“.

dobivaj vesti na viber

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави дека околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје.

Тој додаде дека ако нема резултат и после денешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинден“.

Причина за блокадите е што приватните превозници не постигнале договор со Град Скопје и ЈСП за исплата на долгот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 час

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 час

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет2 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет2 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет2 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија19 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија19 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија19 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија20 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија21 час

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа21 час

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет24 часа

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет1 ден

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет1 ден

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет1 ден

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија1 ден

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...