Македонија
(Видео) Заев во Словенија: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе биде направена непоправлива штета

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, а ако Унијата не дејствува, разочарувањата кај регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка. Ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој денеска ги почна активностите утврдени во агендата од неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.
Заев имаше заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.
На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Славески свика итен состанок на координативното тело за испраќање помош во Турција и Сирија

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во договор со советничките групи и градоначалничката Данела Арсовска свика состанок на координативното тело на Советот, на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Како што информира Славески, Советот ќе донесе одлука на итна вонредна седница, што ќе се закаже во најкус можен рок.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија, кои се зафатени од разорен земјотрес“, порача Славески.
Македонија
Приватните превозници не знаат кога ќе почнат со превоз на патници: Блокади нема да има

Приватните превозници и градоначалничката на град Скопје најдоа решение за превозот во градот. По четиричасовна средба, на повидок е нов договор.
„Одиме во позитивна насока и ќе се реши нашиот проблем. Ќе има реформи, ние сме јавен сервис и мора да им служиме на граѓаните на Скопје. Има простор за договор и блокади нема да има“, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Скопје.
Тој додава дека долгот кон нив треба да го плати Јавното сообраќајно претпријатие.
„Град Скопје нема долг кон приватните. Тој треба да го плати ЈСП. Ревизијата сè уште трае. Ни даде насоки градоначалничката Арсовска, ќе дејствуваме како што ќе нè насочуваат. Останува на нас превозниците да се реформираме и да ги слушнеме советите што ни се дадени“, додава тој.
Нема точен датум кога автобусите на приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе имаат уште еден состанок со скопската градоначалничка.
Македонија
„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените“, порака на Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по катастрофалниот земјотрес во Турција, со порака: „Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газијантеп, Р. Турција“.
До градоначалникот на Газијантеп, додава таа, испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.
„Градот Скопје е град на солидарност, кој никогаш нема да ги заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.
До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.