Македонија
(Видео) Заев во Шуто Оризари: Носиме подобри услови за живот во секоја општина
Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари.
Претседателот Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.
Тој меѓу другото се осврна и на успесите што Владата предводена од СДСМ ги постигна во изминатите четири години.
„Овозможивме целосна вклученост на сите граѓаните во општеството. И со тоа покажавме дека се грижиме за сите. Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани преку социјалната помош од државата – но и извлекуваме од сиромаштија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Вие знаете колку корисници на гарантиран месечен приход, на детски додаток, на образовен додаток, на социјална пензија, има само овде во вашата општина. Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик.
Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса и го намаливме ДДВ-то за парно. За три пати се зголемени минималната и просечната плата. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. Имаме рекордно ниска невработеност денес – од независноста на државата! Со сето ова ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европскиот квалитет на живот во општините“, истакна Заев.
Заев ги повика граѓаните на Шуто Оризари во недела да дадат масовна поддршка на бројот 12 и концептот на СДСМ што води напред.
„За Шуто Оризари ја имаме најдобрата понуда, тоа е вашиот Ферат Асан, носителката на листата Нежмие Саитова, тоа е СДСМ и Коалицијата. Во недела да гласаме масовно за број 12, да гласаме за „Најдоброто“ за Шуто Оризари!“, повика Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

