Македонија
(Видео) Заев ѝ го честита Денот на Царинската управа
Претседателот на Владата, Зоран Заев, со видеообраќање на царинските работници и на Царинската управа им го честита 14 Април – Денот на Царинската управа.
„ Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со нашата земја – тие се лицето на Република Северна Македонија, а цариниците се дел од најизложените наши сограѓани на заканите од вирусот.
Сепак, и во вакви услови тие ги прифатија предизвиците за да се обезбеди брзо и непречено прекугранично движење на стоки, патници и транспортни средства.
Царинската управа го прифати концептот за европско царинско работење и спроведе низа мерки за олеснување на работата на сите учесници во царинските постапки. Како резултат на посветеноста на вработените на сите нивоа остануваме лидери во дигиталното работење. Огромен дел од царинските постапки што се реализираа на хартија сега е заменети со електронски постапки и од овој месец извозот од државата се врши целосно електронски и без хартија.
Упатувам срдечни честитки до сите царински работници по повод нивниот Ден на царината. Пред сѐ, ви посакувам здравје. Нека е честит 14 Април – Денот на царината“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

