Македонија
(Видео) Заев за пожарот во „Глобал“: Од утре организираме акција за расчистување и за собирање помош
Премиерот Зоран Заев го посети опожарениот трговски центар „Глобал“, каде доцна синоќа изби голем пожар, при што изгореа десетина дуќани и тезги од пазарот. Тој рече дека е направена непоправлива штета, но дека е најдобро тоа што нема човечки жртви.
„ Тоа е најважно, се друго се надместува. Сакам да им заблагодарам на пожарникарите кои направија се за да го спречат огнот. Им благодарам на сите екипи од околните градови кои помогнаа“ рече Заев.
„ На луѓето кои загубија се што граделе сакам да им порачам дека сите ќе помогнат, Владата, општината, бизнис заедницата. Сакам да знаат граѓаните кои загубија се дека од утре организираме акција за расчистување и акција за собирање помош. Ќе направиме се да го вратиме животот во нормала. Сите имоти ќе ги вратиме во нормална состојба“ рече Заев.
Тој повика на солидарност и вклучување на струмичани и на локалните компании.
„ Државата ќе ги види сите механизми за да обезбеди финансиска помош. За мене е предизвик во овој период да покажеме колку сме солидарни. Сите интитуции ќе помогнат, но пред се струмичани и овдешните компании да помогнат да им го вратиме на луѓето она што го ставарале цел живот“ порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

