Македонија
(Видео) Заев: Имаме мали несогласувања со коалицискиот партнер, но ќе ги надминеме
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не даде конкретен одговор дали е на повидок нов партиски пазар за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ по случувањата во Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски.
Заев рече дека е на ставот дека законот треба да важи еднакво за сите, без оглед дали се работи за пратеник или функционер од извршната власт.
„Правните процедури мора да се запазат. Знаете, мојот став е јасен, законот треба да важи за сите, без оглед дали се работи за пратеник или во случајот поранешен претседател на Собранието. Координаторот на пратеничката група ќе ги даде деталите по оваа прашање. Собранието си работи според Деловникот и процедурите“, рече Заев.
По синоќешната драма во Собранието, при што прстот за неодземањето на имунитетот на Вељаноски е вперен во ДУИ, на прашањето дали се нишаат односите со коалицискиот партнер, Заев призна дека имало мали несогласувања, но ќе се обиделе да ги решат.
„Овие слабости што произлегоа се нов момент. Имаме многу важни работи пред нас. Ќе се обидеме заеднички да ги решиме. Идејата за консензуален претседателски кандидат останува. Утревечер ќе имаме координативен состанок на кој ќе се разледаат имињата, анализите и слично. Да се фокусираме на тоа што нè очекува“, изјави Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.