Македонија
(Видео) Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо
Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со Спасе Додевски, координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост, преку видеозапис го одбележаa 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Премиерот Заев истакна дека е горд за силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во сите области на социјалниот живот, во здравството, образованието и социјалната заштита.
„Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост. Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата. Секогаш ќе бидеме со овие наши сограѓани рамо до рамо и секогаш ќе бидат директно вклучени во процесите кои се за нив, според принципот ‘ништо за нив – без нив’“, подвлече премиерот Заев и заклучи дека продолжува да се спроведуваат активности за подигање на свеста за потребите на лицата со попреченост.
Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски истакна дека мерките и обврските кои произлегуваат од Конвенцијата се патоказ кон стимулативно рамноправно општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Езерото не е корпа за отпад
Деновиве во Охрид се одржаа неколку еко-акции за чистење на крајбрежјето на Охридското Езеро. На повеќе плажи учениците собраа најразличен отпад во рамките на проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА“ , кој се реализира на иницијатива на Здрузението на граѓани „Нова Порта“ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целта на овој проект е градење на еколошки свесна младина. Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека преку вакви акции за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското Езеро се подигнува еколошката свест кај јавноста, а од друга страна се остава чиста слика пред почетокот на туристичката сезона во Охрид. Во акцијата се вклучија наставници и ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид.
„Како наставен кадар се трудиме од најмала возраст да ги едуцираме децата за грижа кон животната средина. Би било добро да има повеќе вакви еко акции, да се вклучуваат што повеќе ученици. Ние сме свесни дека не можеме сѐ да исчистиме, но даваме пример како треба да се однесуваме, да бидеме еко свесни. Учениците ги учиме правилно да одлагаат отпад но и да рециклираме отпад, а со тоа веруваме и со вакви акции ќе ја подигнеме свеста кај сите“, изјави Билјана Иваноска наставник во ООУ „Григор Прличев“ Охрид.
Младите испратија силни еколошки пораки за зачувување на најстарото и највредното природно езеро во земјава и Европа.
„На отпадот местото му е во корпа“, „Не фрлај ѓубре во Езерото“, „Да ја чуваме животната средина“, се дел од пораките на учениците.
„Интересот кај младите за да се вклучат во акцијата е голем. Изминатиов период на повеќе локации се собираше отпадот а се спроведе и акција под мотото „Езерото не е корпа за отпад“ на која преку транспаренти се испратија еколошки пораки за заштита на Охридското Езеро. Целта пред сѐ е подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемена заштита на Охридското Езеро и крајбрежјето“ , велат од „Нова порта“.
Исчистените плажи, како еколошко чисти плажи, ќе се обележат и со еко-знамиња.
„Ваквите акции пред се имаат едукативна намена а практичните примери се најважни во борбата за заштита на животната средина“, додаваат од „Нова порта“.
Во рамките на проектот предвидено е да се реализираат и неколку подводни чистења на Езерото во Охрид и Струга како и едукативни работилници со учениците од основните училишта.
За подигнување на еколошката свест во рамките на проектот ќе биде изработен и видео спот преку кој младите ќе испратат силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина.
Сервисни информации
Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови , нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.
Македонија
На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.
Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, соопшти партијата.
На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.