Македонија
(Видео) Заев: Сите критики демократски ги прифативме, судството ќе го реформираме во следниот мандат

Пред нас е 15 јули, денот кога треба да одлучиме дали ќе излеземе да избереме сигурност или ќе останеме дома и со тоа ќе им дадеме шанса на опасноста и несигурноста, рече во видеообраќање лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Знам дека не ги исполнивме сите ваши очекувања. Знам дека направивме и грешки. Но, секоја наша грешка ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме“, вели Заев, кој нагласува дека тоа му дава право да каже дека не се сите исти.
Тој во говорот се обврза дека судскиот систем ќе биде првата работа што ќе биде реформирана во наредниот мандат.
„Ја барам вашата поддршка. Го барам вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжам добрите политики. За да продолжиме напред уште побргу и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ“, порача лидерот на СДСМ додавајќи дека иако изборот се чини очигледен, граѓаните да не мислат оти работата е однапред завршена.
„Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули на вашето гласачко место, кое ќе биде целосно безбедно. Не молчете кога е вашиот ред да зборувате“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.