Македонија
(Видео) „И сопругата и ќерката ми починаа во иста соба на КАРИЛ“, очаен татко прозборе за лекарска грешка во Охрид
Смртта на петгодишната Јана, која почина откога прими инфузија во битолската болница, ги отвори старите рани на пензионерот Блаже Блажески чија ќерка Елида, почина со 61,48 единици шеќер во крвта, откога прими пет шишиња инфузија во охридската болница.
„Нема врска, момичето немаше шеќер. Да имаше шеќер има апчиња, има инјекции, Ќе си бараше чаре“, вели Блажески.
Блажески, по пет години талкање во судско-здравствените лавиринти низ кои бара одговори за причината за смртта и се сомнева на несоодветно лекување во охридската болница, првпат одлучи јавно да зборува за случајот на неговата ќерка.
Откога почнал да бара одговори, утврдил дека речиси и да нема документ кој институциите не го фалсификувале за да го убедат дека ќерка му, која никогаш немала проблеми со шеќерот, починала оти не го лекувала.
Потресната приказна и институционалните одговори видете ги во сторијата на „Макфакс“.
Продолжува…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

