Македонија
(Видео) „Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе им ги скрати платите на функционерите во стилот – ако не овој понеделник, наредниот петок – за на крајот да каже дека кратење нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%, па после дека ќе предложат закон за кратење на платите, па дека има работна група, па потоа дека за недела две експертите во владата ќе предложат законско решение за намалување на платите, за на крај сега да каже Ковачевски, без око да му трепне, дека нема да се кратат платите на функционерите.
Годишно само износот за зголемувањето на платите на функционерите е скоро 20 милиони евра, а во исто време оваа лицемерна власт им вели на пензионерите дека нема пари за линеарно покачување на пензиите, за учениците нема учебници, за пациентите со ретки болести нема лекови, за здравствените работници нема поголеми плати, за земјоделците нема поддршка… за никој друг во Македонија нема пари, само за повисоки плати на функционерите има.
Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“. Граѓаните изјавите на овој човек и комплетната негова влада, треба да ги земаат со огромна резерва.
Се работи за крајно лицемерна екипа која лаже, краде и има милиони на сметките.
Ковачевски без срам ги манипулираше граѓаните 8 месеци и ветуваше кратење на функционерските плати во стилот „ако не овој понеделник, наредниот петок сигурно“ и пак ништо не направи. Се што фати исуши, се што вети излажа.
Народот ќе ги казни и Ковачевски и СДС и ДУИ за безмилосното лажење, крадење и осиромашување на народот и на државата. Народот ќе ги порамни сметките со оваа влада на демократски начин на избори. Од тоа бегање нема“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.