Контакт

Македонија

(Видео) Ковачевски од Бутел: Веќе од наредниот месец минималната плата ќе биде над 22.500 денари

Објавено пред

Вашето масовно присуство вечерва покажува дека СДСМ е подготвен и оди на двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, затоа што СДСМ има економски политички и државнички резултат зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

dobivaj vesti na viber
„Со СДСМ граѓаните имаат поголеми плати, пензии, имаат слободна и демократска држава, рамо до рамо со ЕУ и САД. И затоа што со опозицијата граѓаните знаат дека имаат помали плати, помали пензии, дека со нив парите неместо кај народот завршуваат во споменици и стиропор, нема демократија, а земјата ќе биде во изолација“, рече Ковачевски.
Ако погленеме прво за најважното, за економијата, за животниот стандрад на граѓаните, на работниците, професорите, наставниците, пенизонерите, полицајците, војниците, ранливите, фактите потврдуваат, со СДСМ растат платите, секој добива повеќе, потенираше Ковачевски.
„Ветивме просечна плата од 500 евра до 2024 година, не само што го исполнивме тоа ветување, го надминавме. Денеска, благодарение на политиките на СДСМ просечната плата е 630 евра. Во време на ДПМНЕ изнесуваше само 360 евра. Со СДСМ, 270 евра повеќе!  Платите ќе продолжат да растат со СДСМ и во новата програма ќе имаме нови мерки за поголеми плати. Минималната плата веќе од наредниот месец ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари.  Со последното покачување минималната плата ќе ја зголемиме за 150% во споредба со ДПМНЕ. СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го почитува“, рече Ковачевски.
Тоа е разликата во концепти, прогресивниот, проевропскиот концепт предводен од СДСМ и деструктивниот, антиевропски концепт на ВМРО ДПМНЕ. Оваа разлика на концепти граѓаните го гледаат и фактите го потврдуваат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

Македонија

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски до Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Објавено пред

Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 која како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено“, додава Ковачки.

Ги повикува Пендаровски, Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан.

„Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија. На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски“, завршува Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Објавено пред

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Гордана Силјановска Давкова, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза. Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа. Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДСМ стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија. Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка

Објавено пред

Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на ЦУК, имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во изминатото деноноќие. Од нив, утрово осум сѐ уште се активни.

Пожарот над село Селце, што гори од 11 април, сѐ уште е активен и покрај тоа што на терен гаснеле два хеликоптера од МВР и ренџерите од Национален парк „Шар Планина“ со 10 лица, а и четири пожарникари од ТППЕ – Тетово.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет3 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија23 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...