Македонија
(Видео) Ковачевски: Со СДСМ денес имаме 600 мегавати енергија од обновливи извори наспроти 16 мегавати вкупно до 2016 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/kovacevski-1.jpg)
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.
Во изјава за медиујмите Ковачевски се осврна на достигнувањата на Владата во неговиот мандат кои се однесуваат на користењето на обновливите извори.
„Јас сум исто така многу среќен што во текот на мандатот на мојата Влада, за 2 години и еден друг аспект на екологијата беше исклучително високо на агендата и постигнавме резултати, а тоа се обновливите извори на енергија. Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија, сонце, вода и помал дел од биомаса, производство на електрична енергија“, истакна Ковачевски.
„Во споредба со она што беше до 2016 година, тоа е многукратно повеќе, тогаш имаше само 16 мегавати, сега само за 2 години – 600 мегавати. И тоа е начинот на којшто треба да се развива нашата држава во еколошки чиста со висока свесност и на самите граѓани за чистотата околу нас и со висока ангажираност на локалните самоуправи во однос и на чистењето и на зазеленувањето и на подоброто урбанистичко планирање во градовите“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.