Македонија
(Видео) Ковачевски – Шолц: Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, имаме силно охрабрување и поддршка од Германија

Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на неговото учество на самитот на лидери на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана, Албанија, по завршувањето на вчерашните работни сесии на самитот, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.
На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија и актуелните случувања во регионот, при што премиерот Ковачевски го информира канцеларот Шолц за политичките случувања во земјата врзани со пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, известува владината прес служба.
Од германскиот канцелар Олаф Шолц и од СР Германија, Северна Македонија уште еднаш доби силно охрабрување и поддршка за реализација на следниот чекор на зацртаниот пат кон пристапувањето во ЕУ – носењето на значајните одлуки што ги имаме пред нас. Напорите на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на евроинтеграцискиот процес беа поздравени и препознаени како позитивен исчекор и напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување. Исклучително е важно Северна Македонија да го продолжи европскиот пат и земјата да постигне консензус за стратешките прашања кои се од интерес на граѓаните.
Премиерот Ковачевски истакна дека не смееме да ја пропуштиме оваа неповторлива шанса што ја имаме и треба да го дадеме нашиот глас за Европа. Потенцира дека на Северна Македонија ѝ е потребна интеграција, а не изолација и дека гласот во парламентот за уставните измени е глас за европската иднина на Северна Македонија, се наведува во соопштението.
Соговорниците се согласија дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион. Пристапувањето и крајно, членството во ЕУ, значат економски и општествен развој, социјална правда, врвна демократија, функционално владеење на правото, како и севкупно подобрен животен стандард.
Премиерот Ковачевски изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија како еден од нашите најблиски сојузници како во процесот на пристапните преговори така и преку Берлинскиот процес како катализатор на регионалната соработка, чија цел е ги поврзе земјите од Западен Балкан и Европската Унија и да помогне да градат меѓусебни односи врз основа на европските вредности. Лидерите разговараа и за конкретните придобивки од Берлинскиот процес преку кој ќе се продолжи и со подигнување на нивото на политичка соработка, што за Северна Македонија и регионот претставува многу значаен елемент на патот кон евроинтеграциите.
Премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц разговараа и за најважните аспекти на билатералната соработка на Германија и Северна Македонија. Германија останува еден од најпосветените партнери и држава што дава огромна поддршка на земјите од Западен Балкан за интеграција во ЕУ, се додава во соопштението од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.