Македонија
(Видео) Костадиновска – Сточевска: Несоодветни законски измени, не е предвидена Управата за заштита на културно наследство
Во овие измени никаде Управата за заштита на културно наследство не е предвидена, како орган во состав на министерство. Што значи тука застанува вашата грижа за културното наследство, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска синоќа во македонското Собрание.
-Предлагате некакви измени на само 35 страни а ја занемарувате вистинскста стратегија и функционална анализа како треба да изгледа Министерството за култура, финансирана од ЕУ. Се што требаше да направите е да не измислувате ништо. Требаше да го погледнете само органограмот, 4 директорати, управа за заштита на културно наследство, творештво, европски интеграции, креативни индустрии и општи работи. Тоа е се што му треба на Министерството за култура. Она што го кажале вработените и сите коишто од осамостојувањето до денеска. Тоа не се прави преку ноќ. А Министерството за култура е едно од најважните министерства. За тоа да се нрпави нема потреба од ова што го предлагате во Член 18. Значи немате намера да ги намалувате функционерските места туку напротив имате намера да ги зголемувате, вклучително и во Министерството за култура. Вака како што се предлага е несоодветно, нешто сака да се избрише и затоа ќе гласам против оваа измена. Не се прави пофункционално Министерството туку не враќате назад за да видиме повторно некое Скопје 2014,рече Стојчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, Жичницата ќе работи вообичаено
Утре поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Македонија
Почнува со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во просториите на Владата го отвори првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот.
На состанокот присуствуваше и Главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија.
Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со Главниот државен ревизор им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група со ентузијазам ја прифати задачата што им ја делегираше Владата.
Владата очекува да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.
Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите.
Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.
Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Северна Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба.
Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.
Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Северна Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси.
Македонија
Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип
Тестот на жената која денеска побарала да се тестира за птичји грип бидејќи минатата недела ја посетила Зоолошката градина во Скопје, е негативен, потврдија од Институтот за јавно здравје .
Како негативни се покажаа и тестовите на двајцата вработени во Зоолошката градина, кај кои постоеше сомнеж дека се заразени со птичји грип.
Зоолошката градина ќе остане затворена уште дваесетина дена.