Македонија
(Видео) Костадинов: Дали како советник за енергетика на Груевски пионот Мицкоски добил согласност за хидроцентрали?
Антизападниот пион Христијан Мицкоски пред јавноста треба да одговори како компаниите во кои тој има удел од владата на Никола Груевски добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, праша Костадин Костадинов од СДСМ.
„Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот, Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?
Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните криминални политики на својот ментор Груевски, а преку кои им нанесува штета на државните и на националните интереси.
Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност.
Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да им се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, нагласи Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

