Македонија
(Видео) Костадинов: Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок
Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, секако, по завршување на вонредната состојба и во согласност со состојбата на епидемијата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции, кои ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни се функционални институции кои ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба во согласност со законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба“, рече Костадинов.
Тој денеска на прес-конференција рече дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, останува запаметен како неодговорен политичар, кој за време на оваа криза цело време се однесувал незрело, несериозно и неодговорно.
„Денес, Мицкоски прави сè да нема избори, прави сè да ја држи земјата во неизвесност и да создаде политичка криза, само затоа што се плаши од изборно соочување и од извесниот пораз од граѓаните. Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Вада се уште еден доказ зашто се потребни избори и нова политичка влада“, рече Костадинов.
Тој додаде дека со ново Собрание и со нова политичка влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓание, особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваат за новиот бран на коронавирусот наесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

