Македонија
(Видео) Костовски: Ново кошаркарско игралиште во ООУ Свети Климент Охридски, наскоро спортски комплекс и нови паркови
Бутел 1 поточно населеното место Св. Климент Охридски, на местото на добро познатото старо игралиште за баскет, за многу скоро ќе има ново ултрамодерно игралиште специјализирано за баскет, најави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
„ Ова ќе го користат учениците на ООУ “Св. Климент Охридски” и секако локалното население. Игралиштето се гради по врвни стандарди, истото ќе биде опремено со кошеви и подлога според високите стандарди на Интернационалната Кошаркарска Федерација (ФИБА)
Овој простор но пред се блиската околина (кај мултифункционалното игралиште) за краток период ќе прерасне во модерен спортски комплекс со дополнителни детски игралишта и парковски решенија кои ќе им служат за рекреирање на граѓаните“ додаде Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

