Македонија
(Видео) Костовски: Пендаровски цврсто стои зад европскиот пат и прозападната ориентација на земјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Screenshot-2023-12-19-153040.jpg)
Сведоци бевме на едно државничко обраќање на претседателот Стево Пендаровски како претседател на сите граѓани.
Ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели: членството во НАТО и ЕУ, истакна Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
СДСМ, додаде тој, го поздравува фактот што претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и прозападната ориентација затоа што тоа е наша единствена алтернатива.
Членството во ЕУ, според него, значи подобар стандард за граѓаните, повисоки плати и пензии, сигурна европска иднина за младите генерации.
„Лагите и манипулациите за бугаризација и асимилација заедно со лагите дека ќе биде загубен македонскиот јазик и идентитет се поразени.
Македонскиот јазик е потврден во ЕУ, договорот со Фронтекст е прв договор што тоа го потврдува, а Унијата веќе почна и процес на ангажирање преведувачи и толкувачи од македонски јазик.
Ние како пратеници од СДСМ се гордееме за сите одлуки што го овозможивме македонскиот јазик да биде дел од ЕУ. Срамот останува кај пратениците на ДПМНЕ. кои со вувузели и тропање по маси го попречуваа процесот.
Иако имавме успешен скрининг, не почна отворањето поглавја со ЕУ. Виновникот има име и презиме: тоа е ДПМНЕ“, рече пратеникот од СДСМ.
Според Костовски, ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси, кои не ѝ мислат добро на земјата.
Оценува дека со ДПМНЕ и Левицата нема ЕУ.
„Слушнавме вчера и од Мицкоски, ниту за 100 години.
Кристално е јасно дека на изборите ќе се судрат два политички блока, два концепта, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левицата.
ДПМНЕ и Левицата се закана за европскиот пат и иднината на државата и ќе бидат поразени.
Пропуштивме историска шанса во 2008 година за членство во НАТО и изгубивме 12 години“, потенцира Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.