Македонија
(Видео) Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од Ковид-19 во приватните болници
Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, на прес-конференција потсети дека Владата предводена од СДСМ ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита.
Преку овие измени, како што објасни Коциќ, трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид-пациенти ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.
Според пратеникот од СДСМ, овие чекори се преземаат за да се овозможи здравствените услуги во приватните болници да бидат еднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштитат јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.
Покрај ова, додаде тој, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа во согласност со состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.
„Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат во согласност со законските одредби. Измените на Законот за здравствената заштита во Собранието набргу ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Како парламентарно мнозинство, ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие измени со кои цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски поиздржливи за сите граѓани“, рече Коциќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

