Македонија
(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев
Навраќајќи се на вчерашните случувања со апсењето на бизнисменот Орце Камчев, од владејачкиот СДСМ наоѓаат поврзаност меѓу, како што велат, Христијан Мицкоски и Орце Камчев.
„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети, а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок до Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски беше главен преговарач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за Јавното обвинителство“, реагираат од СДСМ.
Тие потсетуваат на времето, кога како партија, предупредувале за, како што велат, обидот на Мицкоски да направи сè за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот.
„ВМРО-ДПМНЕ не си ги бара 1,3 милион евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија очигледно поважен ѝ е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Она што е важно е дека докажаниот губитник Христијан Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за Јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

