Македонија
(Видео) Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Дали директорт на БЈБ, Александар Јанев не ги исполнува условите за функцијата, праша портпаролката на СДСМ; Богданка Кузеска.
„поред информации објавени во неколку медиуми, поднесена е анонимна претставка до ДКСК поради основани сомнежи за незаконитост на дипломата за магистерски студии на Јанев, на Универзитетот Скопје.
Оваа диплома е меѓу основните законски услови за да може да биде назначен за директор на БЈБ.
Како што е објавено, во неговата официјална биографија објавена на страната на МВР нема точен датум на стекнување на звањето “магистер”.
Дополнително, ниту на сајтот на Универзитетот Скопје нема никакви податоци за јавна одбрана на магистерски труд. Не може да се најде ниту запис во електронските системи на универзитетот или Министерството за образование за проверка на плагијат.
Сето ова е законски задолжително.
Според Законот за научноистражувачка дејност, секој магистерски труд мора најмалку 30 дена пред одбраната да биде внесен во системот за проверка на плагијати.
Јанев бил именуван на 28.6.2024 година. Дали е точно дека системот не функцонирал токму во тој период“, праша Кузеска.
Овие сомнежи и овој случај, како што вели, отвора сериозни прашања кои мора да бидат одговорени.
„Дали Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело на БЈБ избрале човек кој не ги исполнува законските услови?
Дали станува збор за фалсификување документи заради партиски интереси?
Зошто МВР молчи за овие јавно објавени сомнежи?“
СДСМ, додава Кузеска, бара одговори на овие прашања и итна истрага од Јавното обвинителство.
Според неа, додека јавноста се уште чека разрешница со директорот на АНБ за неговиот сертификат сега се отвора втор скандал во највисоките безбедносни институции и позиции во државата, Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност.
Кузеска нагласува дека безбедноста на граѓаните е ставена во канџите на партиски луѓе за кои прашање е дали воопшто ги исполнуваат законските критериуми.
„Ова е сериозна безбедносна закана. СДСМ ќе продолжи гласно да го разобличува секој скандал, секој фалсификат и секој обид за окупирање на институциите по незаконски пат.
Функционирањето на безбедосните служби не смее да биде жртва на партиската држава која ја инсталира ВМРО-ДПМНЕ повторно“, подвлекува таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Студеничани и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 23.05.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на опшштините Студеничани и Гази Баба.
Од 09.00 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Батинци. (Општина Студеничани).
Од 11.00 до 14.00 часот корисниците од улица бр. 1 во нас. Трубарево. (Општина Гази Баба).
Македонија
Сончево време, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Македонија
Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје.
Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.