Македонија
(Видео) Кузеска: Случајот со Мијалков е последен дебакл на Мицкоски
Случајот со Мијалков е последниот пораз на Мицкоски, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата“, рече Кузеска.
Според неа, сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ се пропаднати.
„Со што пропадна и неговата главна задача за којашто Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Сè што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови“, рече Кузеска.
Додаде дека сега патот на правдата е чист и граѓаните, како што рече, сè почесто ќе бидат сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

