Македонија
(Видео) Кузеска: Со законски измени Владата ќе им наложи на јавните претпријатија да им ги простат долговите на граѓаните
Со мерката 22 во петтиот сет економски мерки е вклучено бришењето камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија, посочи на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Со законски измени на јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности, ќе им се нареди да им ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100 %“, објасни таа додавајќи дека со мерката ќе бидат опфатени сите физички лица во државата.
Кузеска истакна и дека главнината, која граѓаните ја должат повеќе од три месеци по основ на испорачани комунални и други јавни услуги или даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци.
„Мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на јавен повик во траење од 5 месеци. Во овој рок граѓаните ќе може да побараат репрограмирање на долговите. Тоа значи дека секој граѓанин ќе има можност да добие отпис на каматите ако претходно направи репрограмирање за отплата на основниот долг на 12 месеци“, рече партиската портпаролка.
Тоа додаде и дека за да се спречи злоупотреба на оваа мерка, ако граѓанинот по првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, затезните камати ќе почнат да течат како претходно.
„Бришењето камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија не се однесува на долгови кон приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници“, нагласи Кузеска со објаснување дека, според апелот од Владата, и приватните компании може да се вклучат во оваа мерка како чин на солидарност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

