Македонија
(Видео) Лефков: Во време кога Ковачевски бил заменик-министер за финансии, фирмата на неговиот кум склучила договор со ЕВН од над 2 милионa евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/thumbnail_Mile06102022.jpg)
Денес, ќе презентираме нови фрапантни сознанија за аферата „Броило“ и за соларниот картел, како и за трговијата на влијание на Димитар Ковачевски. Како соларниот картел во аферата „Броило“ вртел милиони ќе објасниме и преку денешниот случај. Само во еден потег кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиона евра. Соларниот профитер Ковачевски заработува огромни суми пари додека народот осиромашува, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде што државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик-министер за финансии. Договорот помеѓу „КМГ ЕОЛ квазар“ на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 3.2.2021 година и тој е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без пресметан ДДВ, односно над 2 милиона евра.
Лефков истакна дека договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години и тој е сè уште во сила, односно ЕВН сè уште може да ги користи услугите на „КМГ ЕОЛ квазар“ на кумот на Ковачевски, а самиот Ковачевски е премиер на државата.
Лефков наведе дека дополнително треба да се нотира дека фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, „Пиксел груп“.
На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиона евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е онаа што има директен профит од договорот помеѓу „КМГ ЕОЛ квазар“ и ЕВН.
Дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш. Ковачевски е фатен во центарот на соларен картел како преку аферата „Броило“ се свртени 26 милиони евра, изјави Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.