Македонија
(Видео) Манасиевски: УМС му спреми на директорот на ФЗОМ сет за играње на песочните плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/slika-1-1.jpg)
Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД,изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок,рече Манасиевски.
Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани,додаде Манасиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.