Македонија
(Видео) Маричиќ: Методологијата за прочистување на правосудството ќе биде одобрена до крајот на годината

На настан на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој се одржа по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави дека очекува Методологијата за прочистување на судството и обвинителството да биде одобрена на 28 декември од Советот за реформи во правосудството.
Во обраќањето, Маричиќ истакна дека корупцијата секаде во светот директно го загрозува јавното добро и влијае на квалитетот на јавните услуги, а особено последиците се видливи и во квалитетот на правдата во судовите и обвинителствата.
Министерот ги наведе позитивните наоди од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата, но потенцираше дека, сепак, граѓаните очекуваат опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да се зголеми бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучително и со понатамошна конфискација на имот стекнат со криминал.
„За враќање на јавната доверба во системот на борба против корупција и криминал, многу е важно обвинителството да ги продолжи постапките со ефикасно постапување пред судовите, а судовите да ги завршат постапките со конечни пресуди, особено оние кои ги отвори СЈО и коишто повеќе години се наоѓаат во судските лавиринти“, кажа Маричиќ.
Тој истакна дека довербата во правосудството може да биде подигната единствено доколку сите нови случаи кои излегле или ќе излезат да бидат процесуирани.
„Со моето доаѓање во Министерството за правда најавив дека за неколку месеци ќе објавиме методологија според која ќе се филтрира судството и обвинителството. Изработката на оваа методологија можам да кажам дека е во завршна фаза иако пандемијата малку нè забави, но процесот е на крај, очекувам до крајот на годината таа да биде усогласена со Судскиот совет и Советот на Јавните обвинители, а исто така на 28 декември оваа година да биде одобрена од Советот за реформи во правосудството“, рече министерот.
Маричиќ истакна дека очекува конкретни насоки и временски рамки од Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители како ќе ги прочистат своите редови и која ќе биде улогата на Државната комисија за спречување на корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Костадинов: Со законските измени сакаме да добиеме независни и стручни совети на МРТВ и АВМУ

Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов денеска на прес-конференција изјави дека преку измените на Предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на АВМУ ќе добие независен, професионален и стручен состав и оти целта за поднесување на овој предлог од страна на пратениците на владејачкото мнозинство е реформата и професионализација на медиумските регулаторни тела.
Костадинов обвини дека изборот на членови на Советот на АВМУ како и членовите на Програмскиот совет на Националната радио телевизија премногу долго се одложуваше поради, како што кажа, неразумни блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Според измените на законот, изборот на овие членови би бил со 61 глас, но постапката би била иста – инклузивна, транспарентна и отчетна. Така ќе се гарантира професионалност и независност.
„Зад овие блокади се кријат само партиски интереси и политика на отпор кон реформи и професионални институции“, изјави Костадинов.
Тој вели дека не знае зошто не е закажана комисијата на која ќе бидат разгледани измените на Законот, што се носат по скратена постапка. На прашањето дали има разговори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека не би рекол оти има такво нешто.
За реакциите на здруженијата на новинарите и синдикатот за менувањето на законот, рече дека заедничка цел на сите е професионалзиација и департизација на регулаторните тела.
„Добро е што имаме заедничка цел со здруженијата, а тоа е конечно да се спроведе една таква реформа, професионализација и департизација на едни така важни регулаторни тела. Ќе повторам дека три години имавме можност конечно да ја спроведеме. За жал, додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Комисијата за избори и именувања немавме успешен оглас во однос на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ. Јас ги уверувам граѓаните, особено медиумските работници дека воопшто не треба да стравуваат дека наводно влегуваме во сива зона затоа што веќе имаме докажано дека во еден транспаретен процес сме избирале едни многу важни тела во оваа држава“, рече Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.
Останува, повтори тој, јавната дебата за изборот на членовите на овие тела и смета дека можност за учество ќе имаат сите.
„Но, секако дека нема да дозволиме повторно ВМРО-ДПМНЕ само заради лични хирови да ги опструира така важните процеси“, рече Костадинов.
Македонија
Најави за отворање нова група по денешните апсења за „Јавна соба“

Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотогорафии, преку платформата „Телеграм“.
Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.
Министерот Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.
Македонија
Филипче: За првпат во земјава ќе пристигне најсовремената и најскапа терапија за ковид-пациенти

Министерството за здравство испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од casirivimab и imdevimab, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Притоа тој потенцира дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид-пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.
„Испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот ‘ремдесивир’. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас“, изјави Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредит од Светската банка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома