Македонија
(Видео) Меџити: Оваа Влада покажува дека има капацитет за работа, проекти и подобар живот за сите граѓани

„Првично, благодарен сум за седницата, која е свечена денеска, која е по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и оваа Влада веќе докажува дека има капацитет и доверба и многу мир за многу договори, кои веќе сакаат да имаат добра состојба за целата држава, сега има позиција за повеќе години на една партија и повеќе партии, договор за повеќе стандарди за граѓаните, за инклузија на сите граѓани“, рече првиот вицепремиер, Изет Меџити.
„Исто така, јас во овој момент би сакал да кажам дека оваа нова Влада не е само на зборови туку и на дела, затоа јас сакам да се заблагодарам на нашиот премиер на оваа нова Влада што ќе даде милијарда евра за сите општини за децентрализација, каде што е дел и од Охридскиот рамковен договор и коишто ќе решава многу есенцијални проблеми во нашите населени мести и во нашите општини, во функција на подобар живот на сите граѓани во Република Северна Македонија.
Јас би сакал ова да оди во таа организација којашто ги има потпишано сите овие начини, на фази на фискална децентрализација, бидејќи оваа Влада има добра волја за децентрализација, но не треба да остане само на зборови бидејќи може да дојде друга Влада којашто нема да има такви приоритети, затоа ние треба да направиме системско решение затоа и со компетенциите и со проблемите да имаме финансии и буџет за тоа, бидејќи на крај краева тоа е отворање на вратата за граѓанинот на Република Северна Македонија.
Ние не знаеме дека во минатото ова се заборави што беше многу значаен дел од овој Охридски рамковен договор и се смеша со некои други работи, со некои настани не вредни, а ние докажуваме дека имаме капацитет за многу добри работи како што се овие делови од Охридскиот рамковен договор.
Би сакал ова да го завршам како добар почеток на ова добро владеење што имаат цели да имаат праведна држава, без корупција, војна против корупцијата и развивање на економски поглед и стандардот на сите граѓани.
Исто така, едни од главните столбови се децентрализацијата, која е европска цел, и ние што сакаме да бидеме дел од неа“, додаде Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Не само технолошка трансформација, туку суштинска инвестиција во луѓето, јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, порача Рисова Мутлулар

Шефот на Кабинетот на Министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, и раководителот на Секторот за обуки, Агрон Меџити, учествуваат на состанокот на Директори на институти и школи за јавна администрација (DISPA), што се одржува во Будва, Црна Гора.
Под мотото „Иднината на јавната администрација: Лидерство во криза и постигнување резултати“, настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на добри практики, стратегии и иновативни пристапи за градење капацитети кај јавните службеници, особено во време на предизвици и неизвесности.
Настанот е организиран од ReSPA – Регионалното училиште за јавна администрација, во соработка со Европската школа за администрација и поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора.
Во текот на интензивната програма, учесниците дискутираа за дизајнирање на иновативни и флексибилни системи за обука, користење на податоци за управување со човечки ресурси, значењето на коучингот за развој на лидерски капацитети и придобивките од меѓународни и извршни програми за размена.
Во рамки на дискусиите, Рисова Мутлулар истакна: „Јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, тоа значи не само технолошка трансформација, туку и суштинска инвестиција во луѓето. Само преку континуирана обука, поддршка и создавање простор за иновации, можеме да создадеме администрација што ќе одговара на потребите на граѓаните.”
Настанот обедини претставници од ЕУ и земјите од регионот, со цел споделување искуства, градење партнерства и идентификување заеднички приоритети за подобрување на јавните услуги.
Министерството за јавна администрација останува посветено на креирање ефикасна, транспарентна и професионална јавна служба, преку регионална соработка, модернизација на системите за обука и развој на човечките ресурси, велат од таму.
Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.