Македонија
(Видео) Миланов: Здравјето на Миле Јанакиески се влошува
Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов, за „Макфакс“ изјави дека здравствената состојба на ексминистерот за транспорт и врски, кој веќе цела недела ја одбива храната од затворот, се влошува, а тоа, како што рече, можеше да се забележи и на денешното судење за „Траекторија“. Миланов вели дека здравствената состојба е еден од условите за промена на мерката притвор со поблага мерка, но сепак за тоа треба да одлучува Кривичниот совет.
„Здравствена состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во поблага мерка, но сепак за тоа ќе треба да одлучи Кривичниот совет. Како одбрана ќе размислиме дали ќе доставиме таков предлог до судот. Во овој момент само тоа ни стои на располагање“, вели Миланов.
Согласно законот, судијата на претходна постапка за последниот случај за кој се води истрага против Јанакиески, нелегално продавање на државно земјиште, за што ја доби и мерката притвор, може но и не мора да одлучува за укинување на затворскиот притвор на ексминистерот.
Бранителите на Јанакиески побарале детално известување од претседателот на Кривичниот суд и од затворскиот лекар за тоа каква е здравствената состојба на Јанакиески, по што ќе биде известена јавноста.
„Она што неофицијално преку колегите имам сознание, а за што можевте и вие да се уверите во судницата, здравствената состојба веќе започнува да му се нарушува, а како тоа ќе тече понатаму ќе бидете известени од институциите откако ќе ни ги дадат информациите“, вели Миланов.
Јанакиески вечра попладне се пожалил на влошување на здравствената состојба. Веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му била дадена соодветна терапија по што е вратен во затворот во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

