Македонија
(Видео) Митева: Дистанцирањето на Пендаровски од народот зборува повеќе од било кој говор
За прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање. Смета дека на народот му е доста од разединување, но вели „Сакам да ја деескалирам вообичаената атмосфера на Мечкин Камен, која често е проследена со навреди кои повеќе разединуваат отколку што обединуваат“ рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Не, оваа вообичаена атмосфера се случува последниве неколку години и многу добро знаете зошто е тоа така. Илинден се славеше гордо, достоинствено, со многу народ и со љубов. Вашето дистанцирање од народот многу повеќе зборува од било кој говор. Илинден – големиот македонски национален празник, кој се одбележува на 2 август има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Илинденското востание означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење.
Овој 2 Август, на овој Ден на републиката, на денот кој не испирира и обединува претседателот на државата нема да одржи говор на манифестацијата. После 30 годишна традиција ќе гледаме нов концепт. Наместо да започне претпладне, ќе започне попладне, наместо говор кој ќе биде составен од минатото, сегашноста и иднината ќе имаме молк, ќе се читаат пораки и нема да се слушне визија за Република Македонија.
Со достоиенствено прославување на двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник треба да се поклонуваме на славното дело на револуцијата и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.
Почитувани граѓани, идеалите на двата Илиндена се се уште живи, ќе го славиме Илинден достоинствено, согласно македонската традиција! ВМРО-ДПМНЕ ќе обединува со говор и со дела“ порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

