Македонија
(Видео) Мицкоски: Повеќе не зборуваат за проекти, зборуваат само за минато, а зинат ќе излажат
Ќе загубат, но барем да се повлечат достоинствено. И во последните денови гледаме невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во нивните редови. Повеќе не зборуваат за проекти, зборуваат само и само за минатото и за ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Злетово.
„ А зинат ќе излажат, веројатно советот на луѓето до Заев бил шефе прави го она што го правиш најдобро, кажувај ја невистината или, како што народот вели, лажи колку што те држи душата. Го слушам вчера на прес-конференција Зоран Заев, вели ќе инвестирал во периодот што следи ни помалку, ни повеќе 12 милијарди евра. Дури и милијардата на Циле е мало дете за Зоран Заев. Можеше комотно да си каже човекот и 50, 100 милијарди, што знае што е милијарда. Но, тоа е она коешто Зоран Заев најдобро го знае и најдобро го умее, човекот едноставно има образ ѓон, затоа што таков му е наравот“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во овој момент најголем непријател на етничките односи е токму Заев и неговиот партнер ДУИ
„Па така сè што ќе чуете овие денови од нивните усти земете го со резерва. Погледнете само со каква леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. Во овој момент најголем непријател на етничките односи во Македонија е токму Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така драги пријатели на најлесен начин си го штитат криминалот, којшто сложно си го прават, сложно си крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија. Но работата е што и Албанците, исто како и Македонците, живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

