Македонија
(Видео) Мицкоски: Потребно е фискално релаксирање, помош за март и да не се враќа државната помош

„Во текот на вчерашниот ден имав едно обраќање во коешто ја анализирав состојбата во економијата, вкучително и го коментирав оној документ којшто пристигна од Меѓународниот монетарен фонд, а се однесуваше на одобрениот заем во вредност од 176 милиони евра. Истовремено во текот на вчерашниот ден добив многу телефонски пораки и многу телефонски јавувања со прашањето околу зголемувањето на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ, и одлучив за една од темите на коешто ќе биде денешново обраќање да биде токму тоа, односно математички да го објаснам на македонските граѓани зошто мислам дека
негативните ефекти врз македонската економија предизвикани од пандемијата на Ковид 19 вирусот ќе предизвикаат драматично зголемување на јавниот долг во однос набруто домашниот производ“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНE, Христијан Мицкоски во видео-обраќањето на третиот ден од неговата самоизолација.
Можни се три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг. Добро е што владата делумно ги прифати мерките од уредбата што ја предложивме, но потребно е уште повеќе, да не се бара од корисниците да ја вратат помошта од државата, релаксирање на фискалната политика и државна помош и за месец март за работниците и компаниите. Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, што ќе донесе покачување на продуктите потребни за граѓаните.
Posted by Hristijan Mickoski on Недела, 12 април 2020
„Имено би започнал со краток приказ на макроекономските индикатори, коишто се транспарентно објавени на страницата на Министерството за финансии и Државниот завод за статистика, коишто велат дека во 2019 година БДП бил на ниво од 1 милијарда и 341 милиони евра или тој забележал бруто пораст од 3,6 %. Додека пак на почетокот од годината кога бил создаван Буџетот од Министерството за финансии се предвидено дека БДП во 2020 година ќе постигне ниво од 12 милијарди и 32 милиони евра или раст од 3,8 %. Имајќи го во предвид негативното влијание предизвикано од пандемијата на Ковид 19 вирусот, и негативното влијание во Европа и во светот, во македонската економија секако ќе предизвика негативни последици. Она коешто ММФ ни го кажа во текот на вчерашниот ден е нивната апроксимација дека падот ќе биде изразен отприлика околу 4% . Така што сега она првично сценарио што на почетокот од годината Министерството за финансии го изработи за раст од 3,6% е невозможен, туку апроксимацијата на ММФ е некаде околу 4%. Врз основа на таа апроксимација и негативното влијание на дефлаторот си дозволив да изработам отприлика вредност од 11 милијарди евра на бруто домашниот македонски производ на крајот од 2020 година.
Во овој момент јавниот долг на 31.12.2019 година изнесувал 5 милијарди и 541 милиони евра и тоа е податок којшто Министерството за финасии го објавува на својата веб страница, односно тој изнесува околу 48,9% – 49% од БДП на македонската економија.
Понатаму на 1 април оваа година, ресорниот министер, министерката за финасии имаше прес конференција во којашто ја запозна македонската јавност дека подготвуваат одговор на три можни сценарија. Имено Сценариото број 1 опфаќа намалување на приходите за 20%, што би значело дополнителни 700 милиони евра дефицит, на оние веќе планирани 300 милиони евра или тоа би значело зголемување на јавниот долг во однос на БДП на ниво од 59,5% или оптрилика нешто повеќе од 10% во однос на состојбата во којашто сега се наоѓа, на крајот од 2020 година“, вели Мицкоски.
Сценариото број два, според него, предвидува пад на приходите во буџетот од цели 30 проценти или дефицит од прилика од една милијарда евра. Кога на тие веќе една милијарда евра ќе се додадат 300 милиони евра тогаш доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ од 61 процент или дополнителни отприлика 12 проценти во однос на тоа која што била состојбата на 31 декември 2019-тата година.
И третото сценарио, тоа е сценариото каде што е предвидено пад на приходите во буџетот од 30 проценти, или зголемување на буџетскиот дефицит од една милијарда и 300-тини милиони евра и на тоа кога веќе ќе се додадат планираните 300 милиони евра, доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ на ниво од 63,7 проценти.
„И сето ова кое што е предвидено во сценаријата предвидува надворешно финансирање на буџетскиот дефицит, без да опфатиме надворешно финансирањекое што е неопходно, да и се помогне на економијата и да се помогне на стопанството, да компаниите останат живи, а да вработените останат вработени во тие компании.
Она што ние го предвидуваме, а тоа е дека неопходно на стопанството ќе му бидат потребни отприлика 4,5 проценти од бруто домашниот производ, практично тоа е помош на македонската економија директно би требало да биде обезбедена од надворешните финасиери што би значело дека во првото сценарио со намалување на приходите од 20 проценти ќе имаме отприлика зголемување на јавниот долг на ниво од 64 проценти, во второто сценариот ќе достигнеме јавен долг од 65,5 проценти, и додека во третото сценарио ќе имаме намалување од 40 проценти од приходите во буџетот, ќе достигнеме ниво од 68,2 проценти.
И тоа ги опфаќа само финансирањата на буџетскиот дефицит, и евентуалната помош кои единствено владата треба да обезбеди за поддршка на стопанството и на вработените од стопанството. Под претпоставка да немаме дополнителни надворешни задолжувањашто би ја поткрепиле ликвидноста во буџетот и ликвидноста на македонското стопанство за обезбедување на макроекономска стабилност.
Се надевам дека сега е малку појасно во однос на тоа кое што зборував, зошто ценам дека јавниот долг на крајот од годината може да достигне дури и износ од 70 проценти од бруто домашниот производ. Во текот на денешниот ден во попладневните часови ја проследив прес конференцијата на ресорниот министер, која што се однесуваше на објаснување на кои компании можат да ја користат помошта од владата, таму некаде после 15-ти мај односно, за нешто повеќе од еден месец од денеска, при тоа оставајќи го комплетно македонското стопанство два месеца на милост и немилост самото да се снаоѓа како знае и умее.
Она кое што можев денеска да го видам е различно од онаа првична уредба која ја донесе министерството за финансии преку владата, а владата ја усвои, и она што можев денеска да го видам дел од мерките кои што министерството за финансии ги има прифатено од уредбата која што ВМРО-ДПМНЕ преку министерот Наќе Чулев ја достави до владата, а техничкиот премиер Оливер Спасовски одби да ја стави на дневен ред“, додава Мицкоски.
Тој апелира средствата кои што како помош ќе и бидат доделени на македонската економија да не се враќаат, да биде вклучен и месец март кој беше исклучително тежок од аспект на шокот кој го претрпуваат компаниите како резултат на негативните ефекти од пандемијата и третата работа да ја релаксираат фискалната политика.
„Така што она кое што сакам да го апелирам до македонската влада, добро е што конечно почнувате да слушате, напуштете ја до крај онаа ваша примитивна надменост и прифатете ги мерките кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, кои што ги нуди бизнис заедницата, кои што ги нудат граѓаните и еве донесете трет сет на мерки бидејќи овој вториот ви беше толку забележителен што никој не го забележа, па така еве бидејќи во текот на вчерашниот ден ме критикувавте еве ќе се корегирам донесете веднаш трет сет на мењрки кои што ќе бидат неопходни за справување со негативните ефекти од јули месец понатаму.
Сосема на крај, ќе ми дозволите да исто така го истакна оној кронизам кој што започнува да се имплементира во македонската економија и во македонската политика а неговиот вовед беше со барање на Стопанската комора за зголемување на акцизата на нафтените деривати за дополнителни денара, начин на кој што дополнително ќе се обезбеди ликвидност на буџетот, навистина нешто незапаметено и навстина нешто чудно кога компаниите самите бараат да се зголемат трошоците, а тоа индиректно, па и директно да имплицира зголемување на цените на продуктите и зголемување на центите за граѓаните, а финално тоа би значело и намалување на куповната моќ на самите граѓани.Навистина овој кронизам на македонската политичка сцена и во македонската економија за нас како ВМРО-ДПМНЕ, за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е не прифатлив“, додава Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати коишто дополнително ќе ја стабилизираат.
Таа оцени дека Шпанија е важен партнер на земјава во рамки на НАТО, ООН, ОБСЕ и изрази благодарност до владата на Санчез и Шпанија за доследната поддршка на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Реафирмирајќи ја посветеноста на државава кон евроинтегративниот пат, Сиљановска-Давкова ја повтори позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, таа укажа на потребата од одржување на кредибилитетот на политиката на проширување и нагласи дека регионов кој историски, географски и културно припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство.
Претседателката со задоволство ја прими информацијата од премиерот Санчез дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.
Двајцата соговорници разговараа за соодветно одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Македонија
Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова динамика и проактивност во насока на унапредување на европската агенда на регионот.
Муртезани и Старовиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, особено во контекст на спроведувањето на Планот за раст, кој претставува заедничка можност за засилување на регионалната економска поврзаност и приближување кон европските политики. Посебен акцент беше ставен на досегашната соработка врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства, како и на новите можности за иницијативи од заемен интерес, вклучително и прекуграничните програми за развој и инфраструктурно поврзување.
Министрите го нагласија значењето на доследна и координирана примена на европските реформи во регионот, како предуслов за реализација на економските и институционалните придобивки предвидени со новиот пристап на ЕУ. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на блиската комуникација и заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји.