Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот
Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.
Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.
„Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт“, изјави Мицкоски.
Нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.
„Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

