Македонија
(Видео) Нацев: Шекеринска остави илјадници војници неколку недели без организиран платен превоз
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, остави илјадници војници неколку недели без организиран платен превоз, рече денеска од пред Министерството Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Илјадници војници од 30-тина населени места во државата со недели немаат организиран платен превоз од своето место на живеење до касарната во која се распоредени. Од овој документ се гледа дека војници од 30-тина населени места, опфатени со 16 линии, со денови немаат организиран превоз, а за да стигнат до касарната во која работат плаќаат од сопствен џеб“, изјави Нацев.

Тој додаде дека војниците се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, па до работа одат со сопствен превоз и на сопствен трошок.
„Сето ова се случува додека Шекеринска одвојува 1 милион евра од буџетот на Минисерството за одбрана за поддршка на капитулантскиот договор. Еден милион евра изнесува сумата со која може да се покрие повеќе од една третина од годишниот превоз на армијата, и тоа за сите 45 дестинации, но наместо за превоз на војниците, Шекеринска се одлучи овие пари да ги даде за промоција на капитулантскиот договор за промена на името“, обвини Нацев.
Опозицијата оцени дека ова е срам за АРМ, а министерката го погазила достоинството на војниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

