Македонија
(Видео) Николова: Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини земјата 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ
Со блокадата на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски не само што ја оддалечуваат државата од европскиот пат туку негативно влијаат и врз економскиот развој.
ЕУ е нашиот главен трговски партнер, со 77,5 % од извозот на земјата и 51 % од нејзиниот увоз, истакна на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Дополнително, како што рече, ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области, таа ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис-модел.
Оценува дека блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ.
„Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и за средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарда евра од европските фондови. Во иднина, преку забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ може да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме. Но, блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски може да доведат до загуба на овие значајни финансиски можности за државата, бизнисот и граѓаните. Мицкоски и ДПМНЕ исто така ја скратуваат шансата за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движеше над 50 отсто, па сè до 100 отсто“, истакнува Николова.
Појаснува дека првите пет години по членството, кај државите од ЕУ стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на прекин на интеграциските процеси тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и пристапот на македонските компании на европскиот пазар со 500 милиони.
Николова вели дека придобивките од членството во ЕУ се огромни и дека сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи затоа што 80 отсто од граѓаните јасно се определени за членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.