Македонија
(Видео) Николовски во Велес: Со младинските политики на СДСМ младите ќе останат дома
„Сум имал среќа да стигнам до позицијата генерален секретар на СДСМ иако ниту сум нечиј син, ниту ме поставил некој таму со некаква цел, едноставно сум се трудел повеќе од други и трудот имало кој да го препознае. Ферски, без протекции, како што треба“, изјави во Велес Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3.
„Дете сум на работничко семејство, знам што значи работа, труд, напор да си ја оствариш целта. Свесен сум дека мојот случај е редок и дека не е правило. Свесен сум дека на повеќето млади во земјата не им е лесно да испливаат на површина. Токму за тоа се борам. Да направам да биде правило квалитетот да испливува горе, а на дното да останат неработниците и оние кои сакаат без капка пот да ги жнеат плодовите.
Затоа направивме модел кој ќе обезбеди младите луѓе да се развиваат и напредуваат дома, а не во странство. Ќе извезуваме македонски производи, а македонците ќе останат дома. Квалитетот и знаењето ќе се ценат, а не партиските книшки и врските. Нашите млади заслужуваат еднаква и фер шанса, нема веќе привилегирани“, додаде тој.
Според Николовски, во изминатите три години е зголемена понудата на работни места и е олеснет патот до прво вработување на младиот човек.
„За повеќе од 13 проценти ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица, но треба уште многу, бидејќи сè уште е на високи 35%. Преку ефикасни и домаќински политики стапката на младинска невработеност до 2024 година ќе ја донесеме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сегашната!
Преку конкретни мерки инвестираме и во младите земјоделци, за кои грантот го зголемивме од 10 на 20 илјади евра. Со грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра обезбедуваме директна поддршка за младинското и женското претприемништво. За сите нововработени до 29 години ќе има поврат на персонален данок во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите! Ако сакаш иднина овде, ако ја гледаш тука желбата да се развиваш и живееш, изборот е лесен. За жал, европскиот прогрес и економскиот развој не е можен со назадна понуда како празната националистичка пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ. Истата партија која иако се удира во гради дека е патриотска, гласаше ПРОТИВ сè што е добро за вас граѓаните. Гласаа против минималната плата, против повратот на ДДВ, против зелената нафта, против укинувањето на радиодифузната такса и што уште не. Затоа, изборот на 15 јули е многу лесен. Ќе одиме напред сите или ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта назад? Ќе одиме напред. Бидејќи заедно можеме!“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

