Македонија
(Видео) Мисајловски: Локалната власт во Куманово со години ги лаже граѓаните, потребна е обнова
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2, денеска го посети Куманово и населените места пред сè да ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ Проект „Обнова“, но и да ги слушнe сите разговори што граѓаните сакаат да ги споделат.
„Постојано слушам за нерешени проблеми, постојано слушам за проблеми во инфраструктурата, проблеми со лични прашања на граѓани во општината кои некој локален функционер не сака да им ги реши. Постојано слушам дека земјоделците се незадоволни, затоа што некои граѓани ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ. Апелирам до централната или локалната власт, иако технички премиер е Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ, не поигрувајте си со интелегенцијата на граѓаните и немојте некои граѓани да ги правите граѓани од втор ред, ако имаат предмети за легализација, не чувајте ги во вашите фиоки, решете ги. Ако сте ветиле нешто претходно, дојдете, појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто сте го ветиле тоа, а не сте го направиле. Овој народ со години е лажен од локалната самоуправа. Се соочуваат со проблеми кои можат да се решат со мали зафати “, истакна Мисајловски.
Носителот на изборната единица 2 поради ваквите проблеми ги повикува граѓаните да дадат масовна поддршка за обнова на Македонија, поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ бидејќи навистина треба многу обнова, особено во инфраструктурата во Куманово и во руралниот дел.
„Треба да се вложат повеќе средства за секое населено место, треба обнова на културата, на семејните вредности, на традицијата и, како што ми кажуваат повеќе граѓани, ни треба обнова нa идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние. Се надевам дека набрзо ќе имаме една убава победа и тука, во Куманово, ќе промениме многу работи“, потенцираше тој.
Мисајловски во својата посета порача дека и по изборите тој ќе биде со граѓаните бидејќи работите кои тие ги кажуваат се важни, бидејќи тоа се реални проблеми и политичарите треба да бидат со народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.