Македонија
(Видео) Николоски: Бугарија сака да ја смениме историјата
Би сакал да го поддржам извештајот што беше презентиран денеска и мислам дека овие предизвици сè уште се пред нас. Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но, за жал, за време на Втората светска војна, главно повеќето од луѓето што живееја во Скопје, всушност, над 90 %, беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот, каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето обраќање пред Советот на Европа.
Друга работа сакам да ја поврзам со тоа, но и со сегашните времиња, додаде Николоски.
„Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија за почнувањето на пристапните преговори со Европската Унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што ја окупираа денешна Македонија. Тие беа оние што, за жал, го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние што ги испратија во Треблинка“, рече Николоски.
„Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската Унија нè присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги почнеме пристапните преговори со Европската Унија користејќи го нивното членство во Европската Унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна“, нагласи во своето обраќање Николоски.
Побара од Стразбур, како што рече, овие практики да се сменат. „Оваа недела се одржува европскиот совет во Брисел, каде што ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која е до нивната граница, која се нарекува македонска нација, а исто така и држава, која е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во Музејот на холокаустот во Скопје и да побара голема прошка од жртвите“, потенцира Николоски пред Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

