Контакт

Македонија

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Објавено пред

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за која има обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување одговорност за судии, каде што странка бил нејзиниот сопруг. Судир имаше и помеѓу Дамева и експретседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска. Во дискусијата се надоврзаа и други членови.

dobivaj vesti na viber

„Некој кога станува член на Судскиот совет ја знае основната надлежност на Советот – следење на работата на судиите и нивно оценување. Не станува член на управен одбор на карате-сојуз, па да ја следи работа на каратистите – како се одвива нивната кариера или како си ја вршат нивната работа. Секој од нас кога станувал член на Судскиот совет, имал обврска да си праша дома дали евентуално има некои предмети во кои може да настане судир на интереси. Како член на Судскиот совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичниот. Нејзина обврска било да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа“, рече Црвенковска, поставувајќи прашања на нејзината колешка Мери Радева.

Црвенковска постави прашања, а кога ѝ упадна во збор на Мери Радева, имаше и бурна реакција.

„Нема што да одговарам и да ме прашувате мене. Не знаев за случајот, да знаев, ќе ѝ речев дека треба да се изземе, ако е тоа вистина. Јас тоа и сега не го знам (…) Кога зборувам, очекувам да молчи“, рече Радева одговарајќи на прашање.

Се надоврза и потпретседателот Селим Адеми за тоа кога дознал за сопругот на експретседателката Весна Дамева.

„Јас очекував поранешната претседателка да информира за работи што ѝ се познати. И не само да прашува дома, туку да се држи во согласност со законот. Многу боли кога нападите се насочени кон мене“, рече Дамева.

Се надоврза повторно Црвенковска, без да добие збор, и почна викање во салата. Поради ова, следуваше рекација од Весна Дамева која беше обвинета од дел од колегите.

„Колешката е многу изнервирана. Доколку знаела, во најмала рака таа како член требало да ме извести. Вие, колешке, имате законска обврска да ме известите“, коментира Дамева.

„Немам намера да бидам дел од овој циркус. Судскиот совет има куп прашања од негова надлежност по кои треба да постапува. Продолжуваме со циркузи. Овде се продолжи со меѓусебни обвинувања. Јас на почетокот на седницата реков дека точката ‘разно’ не ми е јасна. Колешката Мери ја појасни. Таа наведе кои аргументи се потребни за да одлучиме за изземање. Ова прерасна во меѓусебни обвинувања. Претседателе, од вас зависи во која насока ќе оди ова“, рече Ивица Николовски.

Во една од дестиците реплики на потпретседателот Селим Адеми, кој зборуваше за правење хајка.

„ За ова ќе се расправа, ќе се утврди колку предмети има, а за тоа дека требало да знаеш – требало да знаеш, без разлика дека вчера си разбрала. Тоа ќе дојде кога точката ќе биде на седница“, рече Адеми.

Претходно, Дамева се бранеше од другите членови, кои ја обвинуваат дека не се иззела во минато постапување иако морала поради тоа што странка во судскиот случај што се ревидирал бил нејзиниот сопруг.

„Ниту треба ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и какви било постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае по што јас постапувам ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема законска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тоа. Во секој момент кога ќе дознаам, ќе известам. Како ми кажуваат – така известувам. И за разлика од некои членови на Судскиот совет, кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или не кажале причина за изземање, јас такво нешто не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со ова зашто созвадаме лажна слика“, рече Дамева.

Македонија

Тројца штипјани биле претседатели на три различни држави

Објавено пред

Штип можеби е единствениот град во светот во кој се родиле тројца претседатели на три различни држави, пишува историчарот Александар Донски, кој објавува текстови на веб-страната на Општина Штип, со цел јавно претставување и промоврање на градот.

dobivaj vesti na viber

КИРО ГЛИГОРОВ (1917 – 2012). Како што знаеме тој беше прв претседател на Република Македонија по нејзиното осамостојување, а бил и македонски партизан, учесник во АСНОМ, македонски и југословенски политичар. Потекнувал од штипско занаетчиско семејство од маалото Стар Конак. Основно и прогимназиско училиште завршил во 1932 година во Штип, а средно образование завршил во Скопје во 1936 година. Од 1936 до 1940 студирал на Правниот факултет во Белград. Таму членувал и бил секретар на КУД „Вардар“, а членувал и во илегалното Македонско народно движење поради што бил уапсен од српската полиција, но поради недостиг на докази бил ослободен. По завршувањето на студиите кратко работел во Белград, но по почнувањето на Втората светска војна се вратил во Скопје каде работел како адвокат. Поради неговите промакедонски ставови бил притворен и од бугарската полиција. Потоа се вклучил во илегалниот антифашистички отпор при што соработувал со Кузман Јосифовски – Питу и со други борци. Во 1943 учествувал во работата на Антифашистичкиот народноослободителен комитет (АНОК), каде се разгледувало прашањето за создавање македонска држава во рамките на Југославија. Притоа на иницијатива на Глигоров и Благој Хаџипанзов до Главниот штаб на НОВ и ПОМ било упатено несогласување со југословенската концепција на решавањето на македонското прашање и било побарано обединување на Македонија. Нивниот предлог бил одбиен. Во мај 1944 Глигоров излегол во партизани, а (како член на АНОК) бил поканет да се вклучи во подготовката на АСНОМ, по што бил избран за секретар на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. За време на Првото заседание на АСНОМ (2.8.1944) Глигоров бил записничар, а бил избран и за член на АВНОЈ (зачетник на новата југословенска влада). Учествувал и на Второто заседание на АСНОМ каде бил избран за повереник за финансии при Президиумот на АСНОМ. По војната извршувал низа функции на сојузно ниво, меѓу кои и сојузен секретар (министер) за финансии на Југославија, Потпретседател на Сојузниот извршен совет (владата на Југославија), претседател на Собранието на СФРЈ и други. По осамостојувањето на Р. Македонија и по изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 27 јануари 1991 година, од страна на Собранието на Република Македонија Глигоров бил избран за прв претседател на нашата држава. На изборите во 1994 година бил повторно избран за Претседател на Република Македонија. На 3 октомври 1995 година бил извршен неуспешен обид за атентат во Скопје во кој Глигоров бил ранет, а две лица го загубиле животот. По закрепнувањето Глигоров се вратил на претседателската должност сѐ до 1999 кога завршил неговиот втор мандат, по што и натаму дејствувал со предлози и совети до неговите политички наследници. Починал во длабока старост на возраст од 94 години. Киро Глигоров е застапен во Гинисовата книга на рекорди како најстар претседател на една држава.

Втор штипјанец кој стигнал до политичкиот врв на една држава бил академик ТОДОР ПАВЛОВ (1890 – 1977). Тој бил претседател на Бугарската академија на науките (БАН), политичар и филозоф. По превратот во Бугарија и доаѓањето на Отечествениот фронт на власт на крајот од 1944 година штипјанецот Тодор Павлов бил еден од тројцата регенти (управители, т.е. практично претседатели) на Бугарија. Потоа бил член на Президиумот на Народното собрание, а од 1947 до 1962 година бил претседател на Бугарската академија на науките (БАН). Бил и почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели. Во филозофските кругови во светот е познат како еден од главните промотори на Теоријата на одразот. Иако бил со бугарска национална свест сепак забележан се и негови промакедонски изјави, наведува авторот на текстот.

Третиот роден штипјанец кој стигнал до највисоката политичка функција – претседател на држава бил МЕХМЕТ ТЕКИН АРИБУРУН (1903 – 1993). Се родил во Штип во семејството на Хусеин Авни, кој бил мајор во турската армија за време на Првата светска војна. Татко му се родил во Битола, но во 1898 година бил прекомандуван во Штип, каде во 1903 година се родил Мехмет. Се иселиле од Македонија по Балканските војни во 1912 година, а подоцна татко му учествувал како командант во битката кај Галиполе во 1915 година, каде и загинал. Мехмет ја продолжил семејната традиција и во 1925 година го завршил Турскиот воен колеџ, а во 1929 бил испратен во Велика Британија на воздухопловна обука. Во 1935 година дипломирал на Турската воена академија. Во 1959 година бил промовиран во армиски генерал и Главен командант на турската воена авијација. По воениот удар во 1960 тој бил принудно пензиониран од страна на воената хунта, по што ја започнал својата политичка кариера. Во 1961 година бил избран за сенатор, а од 1970 до 1977 бил Претседател на турскиот сенат. Во 1973 кратко време привремено ја извршувал и функцијата Претседател на Турција. Бил полиглот и зборувал англиски, германски, француски и италијански. Во 1978 година Мехмет Текин Арибурун како висок турски политички функционер за време на посетата на Југославија, посакал да дојде и во родниот Штип. Желбата му била исполнета и тој бил пречекан со сите почести. Го посетил ридот Исар, но не успеал да се сети каде се наоѓала неговата родна куќа бидејќи уште како мал го напуштил Штип. Само се сеќавал на чешмата Коџалица (на фотографијата), која за жал, тогаш веќе била урната. Тој е последниот претседател на Турција роден вон територијата на денешната држава.

 

Прикажи повеќе...

Скопје

Граѓаните на Општина Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2025 година

Објавено пред

И оваа година Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 12.11.2024 година до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината, соопштуваат од ооштината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Општина Илинден ги повикува и охрабрува сите граѓани предлозите преку пополнување на анкетен лист да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса [email protected] или директно во архивата на општината секој работен ден до 29.11.2024 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните одделенија, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми, велат од општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето – средба на Сиљановска Давкова со словачкиот претседател Петер Пелегрини

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.

Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето – средба на Сиљановска Давкова со словачкиот претседател Петер Пелегрини

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот...

Македонија34 минути

Со години добивал по 200 евра месечно за да не врши контрола: вработен во Национални шуми осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член...

Македонија2 часа

ЈО да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари...

Македонија2 часа

Потребни ни се најмалку 1.000 лекари – итно и без одлагање, вели Таравари

Во македонското здравство недостигаат најмалку 1.000 лекари, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за „Гласот на Америка“. „Во Македонија итно...

Свет4 часа

Поранешен израелски премиер: Израел ја уништи Газа

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот мировен форум во Париз изјави дека Израел ја „уништил“ Газа, каде и понатаму...

Европа4 часа

(Видео) Десетици илјади Руси во масовен напад: „Борбите се сурови“

Руски маринци и падобранци поддржани од севернокорејско засилување напаѓаат на украинските позиции во областа Курск во западна Русија. Тие изгледаат...

Свет4 часа

Трамп објави кој ќе биде новиот американски амбасадор во ОН

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја избра републиканската американска претставничка Елис Стефаник за амбасадор на САД во Обединетите нации, соопштено...

Свет5 часа

(Видео) Летовите на Хаити беа прекинати откога беше пукано во еден авион

Неколку авиокомпании ги прекинаа летовите за Хаити откако беше пукано во американски патнички авион при обидот да слета во Порт-о-Пренс....

Македонија21 час

Воздухот во градинките и училиштата загаден двапати над дозволеното, УНДП направи анализа во пет града во земјата

Воздухот во внатрешните простории на улиштатата и градинките во Гостивар, Куманово, Струга, Струмица и во Кавадарци е загаден двапати над...

Македонија21 час

Стомачен вирус и температура имаат обвинителите кога треба да дејствуваат против криминалци што ја симболизираат претходната власт, рече Мицкоски

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во...

Економија22 часа

Бензинот поскапува половина денар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек...

Македонија23 часа

Да се критикува сега, тоа е лудница, вели Таравари за ставот на „Европскиот фронт“ дека без иселените, ќе се намали бројот на советници во општините

Министерот за здравство Арбен Таравари е зачуден што опозициската коалиција „Европски фронт“ сега реагира на пописот и на правилото населението...

Македонија1 ден

Пожарникари дежураа кај манастирот над село Смолари, пожарот на Беласица сѐ уште активен

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале...

Свет1 ден

Кремљ демантира: Не, Путин и Трамп не разговарале

Кремљ денеска ги демантира информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател...

Македонија1 ден

На Водно падна снег

Првиот снег падна утрово на Водно. Од камерите на Водно се забележува дека на врвот осамна снежна покривка. Снег има...

Македонија1 ден

Отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип – Страцин, села во Кратовско од вчера немаат струја

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и...

Свет1 ден

„Вашингтон пост“: Веднаш по изборите во САД, Трамп му се јави на Путин и му испрати порака

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, што е прв телефонски разговор меѓу двајцата...

Свет1 ден

Трамп го назначи контроверзниот т.н. цар на границата за шеф на имиграцијата и депортациите

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Том Хоман, поранешниот вршител на должноста директор на американската служба за имиграција и...

Европа1 ден

Зеленски: Само оружјето нема да биде доволно за завршување на војната, потребни ни се и сила и дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера вечерта дека силата и дипломатијата мора да одат заедно со цел да се стави...

Европа1 ден

По победата на Трамп, британскиот премиер оди кај Макрон: главна тема Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе разговара за помошта за Украина со францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи победата на Доналд...