Контакт

Македонија

(Видео) ОМД повикува на извинување од Амбасадата на САД поради грешната македонска химна

Објавено пред

Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешна македонската национална химна испеана од Тамара Тодевска за време на годишниот прием по повод Денот на независноста на САД, 4 јули.

„Во верзијата на Тодевска беше отстранет цел значаен дел од химната, кој се однесуваа на борците за независност на Македонија, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. Тодевска јавно треба да се извини за оваа грешка”, се вели во соопштението.

Live from the official ceremony of the U.S. Independence Day celebration at the U.S. Embassy in North Macedonia. Thank you to contacts and friends for joining us this evening.

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Среда, 03 јули 2019

ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (итн. Тиранска платформа), бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети.

„Без формално извинување од страна на американската амбасада, ќе се гледа дека САД заземаат страна во оваа бесмислена историска дебата, која ја предизвика Бугарија.  САД треба да покажат  почит за време на државните празници, особено во земјите кои се наши сојузници во НАТО.

Во прилог на писмото до Микаела Швајцер-Блум од Амбасадата на САД, ОМД ги информираше Стејт департментот на САД, Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и Конгресната група за Македонија и македонско-американската заедница”, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нема казни за возачите кои полицискиот час ги затече на автопат

Објавено пред

Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик -министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.

„Полицијата го следеше метежот на улиците и автопатот и имавме разбирање за граѓаните кои беа затечени во моментот кога почна полицискиот час. Полицијата укажуваше побрзо да се упатат до крајните дестинации на кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час кога беа затечени не беа изречени мерки, само беа писмено предупредени“, извести Петровска.

Бегајќи од карантинот во Скопје, Куманово, Тетово и Штип полицискиот час многумина ги фати на автопат или на патарини. Долги колони возила беа регистрирани на влезот во Охрид и по почетокот на полицискиот час.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде беше Мицкоски

Објавено пред

Одземен е уредот за снимање од кафаната каде седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да извршат увид во внатрешниот дел на објектот кој според протоколите на работа не смее да работи.

Уредот е даден на вештачење, а против сите лица, кои ќе се утврди дека го прекршиле протоколот ќе бидат поднесени кривични пријави. Пред да биде одземен уредот за снимање каде се снимките од надзорните камери, сопственикот тврдел дека истиот е украден, но не знаел да одговори кога.

Освен Мицкоски, со него бил и поранешен функционер во Владата, односно МВР, кој сега е припадник на министерството.

„Со оглед дека постоеја сомневања дека има прекршувања на мерките за заштита, а со тоа и сторување на кривично дело, непочитување на донесените мерки за заштита од пандемија, известен е јавен обвинител од кого е добиена наредба за одземање на уредот за снимање од безбедносните камери во објектот. Во непосредна близина на објектот, како и во самиот објект, забележани се полициски службеници, кои по опис на своите работни места, не требало да бидат присутни таму. Ова предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед дека станува збор за фреквентно место, повикани се службеници на ЕБР, како превентивно обезбедување на просторот. Ангажирањето е направено според прописите на министерството. По дадената наредба за одземање на уредот за снимање, сопственикот кажал дека тој бил украден, но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација со судија за претходна постапка, добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес, најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот е одземен. Согласно наредбата, тој сега се вештачи за да се потврди присуството на лицата во објектот“, рече дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Според Петровска, инспекторите го забележале излегувањето на Мицкоски од внатрешноста на кафеаната, откако претходно, беа спречени да влезат во неа. Дури потоа, им било отворено по што виделе дека кујната била користена, односно, била извршувана угостителска дејност.

„Целта на надзорот бил проверка дали угостителите ги спроведуваат мерките за заштита до Ковид-19. По нивна проценка, не е побарана полициска асистенција.При обид да се изврши надзор во угостителскиот објект ‘Чардак’, од страна на вработени во објектот, инспекторите биле попречени и не им било дозволено да извршат надзор во внатрешниот дел на објектот со образложение дека немаат клуч од тој дел од објектот. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале кон другите објекти, забележале дека од внатрешноста излегуваат неколку лица. Потоа, тие се вратиле во објектот и инсистирале да се изврши надзорот согласно законите. МВР по јавување на еден од очевидците, упатува полициски службеници на местото на настанот. По пристигнувањето на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на објектот, истото го отворило горниот кат, односно винаријата ‘Чардак’, по што инспекторите извршиле увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши, остатоци од храна, што упатувало на тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого“, додаде Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев: Ограничувањето на движењето за празници не е идеално, но одлуката треба да се почитува

Објавено пред

Оваа година два големи и значајни христијански празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, значаен и сериозен предизвик, вели министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме“, додава тој во објава на „Фејсбук“.

Чулев апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

„Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас“, заклучува министерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафаната каде седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да извршат...

Македонија43 минути

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија3 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет3 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ4 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа6 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет6 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион18 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион19 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија20 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ22 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија22 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија23 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија1 ден

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ1 ден

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија1 ден

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион1 ден

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Досие